„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман
Почетна » Новости » Актуелно » „Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

„Алкалоид АД Скопје“ со одлуки за почит покажува дека е доследна на мотото „Здравјето е пред сè!“.

И покрај тоа што работи во вонредни услови и се соочува со многу предизвици, македонската компанија реши да ги намали цените на 158 производи и да донира 12.300.000 денари (200.000 евра).

Алкалоид

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите; се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, притоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето.

Сето ова се случува во услови кога над 200 наши вработени кои припаѓаат на ризичните групи граѓани се отсутни од работа, па мораме да ги пополнуваме упразнетите места во производните погони со кадар од административните сектори. Почнувајќи од денес, ќе мораме да ги адаптираме и сменските работења во согласност со дозволените термини на движење, имајќи предвид дека голем дел од нашите вработени доаѓаат на работа од подрачја кои гравитираат кон градот Скопје, а сѐ со цел да ги исполниме барањата на пазарот со наши производи.

Во услови кога сите светски економии се оставени сами на себе и се борат за ублажување на ефектите од нова економска криза, кога губењето на работни места е неминовен дел од таа сурова реалност, кога логистичките пречки ја добиваат битката за пласман на производите, ретки се компаниите кои можат да ги надминат овие предизвици и да помогнат на своите економии во вакви тешки времиња.

Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“, „Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи. Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници.

„Алкалоид АД Скопје“, денес донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Осврнувајќи се на сите кризи низ кои компанијата минала во изминативе 84 години постоење, оваа е можеби најневообичаената до сега. Изолација сред цивилизација, страв од непознато, борба за зачувување на најскапоценото: здравјето на луѓето. Љубезно апелираме до целата македонска јавност да ги следи и најодговорно да ги почитува препораките на Министерството за здравство и Владата со цел да се превенира најлошото можно сценарио.

Во оваа прилика, ние како компанија, би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, а како традиционален партнер на македонското здравство и фармација и како еден од столбовите на македонската економија, подготвени сме со сите научни, технолошки и кадровски капацитети да помогнеме во справувањето со оваа здравствена криза, затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 96%
  • 4%
Се испраќа...

(Вкупно: 2124 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?