Алармантно: Рекордни 196 новозаболени и 8 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Алармантно: Рекордни 196 новозаболени и 8 починати од коронавирус кај нас

Алармантно: Рекордни 196 новозаболени и 8 починати од коронавирус кај нас

Според најновото соопштение од Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19.

По градови, новите заболени се од:

  • Скопје 90
  • Куманово 17
  • Штип 5
  • Прилеп 1
  • Тетово 45
  • Струга 8
  • Велес 1
  • Битола 4
  • Охрид 11
  • Гостивар 8
  • Крива Паланка 1
  • Пехчево 2
  • Свети Николе 1
  • Ресен 2
коронавирус податоци

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години - хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, од кои 3 се од Скопје, 1 од Куманово, 2 од Штип, 4 од Прилеп и 1 од Велес.

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на оздравени пациенти е 1.705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8692 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.