Алармантни податоци: 193 новозаразени, од кои 140 од Скопје, а 9 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Алармантни податоци: 193 новозаразени, од кои 140 од Скопје, а 9 починати од коронавирус кај нас

Алармантни податоци: 193 новозаразени, од кои 140 од Скопје, а 9 починати од коронавирус кај нас

Не се менува трендот на троцифрен раст на бројот на заболени со КОВИД-19 на дневно ниво во нашата држава. Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направен е 1391 тест, а регистрирани се 193 нови случаи.

Новозаразените со коронавирусот според местото на живеење се од:

  • Скопје 140
  • Куманово 2
  • Дебар 1
  • Штип 6
  • Тетово 19
  • Струга 5
  • Велес 2
  • Охрид 11
  • Гостивар 4
  • Свети Николе 1
  • Ресен 2
коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:

  • Скопје 35
  • Куманово 1
  • Штип 6
  • Тетово 1
  • Струга 1
  • Гостивар 1
  • Валандово 1

Активни случаи по општини Скопје, заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 306
  • Аеродром – 119
  • Бутел – 106
  • Гази Баба – 114
  • Центар – 114
  • Карпош – 100
  • Сарај – 95
  • Кисела Вода – 71
  • Ѓорче Петров – 57
  • Студеничани – 62
  • Шуто Оризари – 46
  • Арачиново – 33
  • Илинден – 28
  • Петровец – 12
  • Чучер Сандево – 7
  • Сопиште – 11
  • Зелениково – 1
  • Странец – 2
  • Нераспределен – 1

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15, 7 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 109 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8694 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.