Актуелна состојба: 49 новозаболени и 2 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Актуелна состојба: 49 новозаболени и 2 починати од коронавирус во Македонија

Актуелна состојба: 49 новозаболени и 2 починати од коронавирус во Македонија

Регистрирани се 49 нови лица позитивни на КОВИД-19. Вкупниот број на заболени од новиот коронавирус во нашата држава веќе е 760.

Најголем дел од новозаболените се од Куманово (14), а потоа следуваат Скопје (13), Прилеп (8), Велес (6), Штип (6), Кочани (1) и Гостивар (1).

Битката со заразната болест ја изгубија две лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.).

Коронавирус

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку ИЈЗ се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Коронавирус

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега заболени со КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 297
  • Куманово – 182
  • Дебар – 49
  • Штип – 27
  • Прилеп – 58
  • Тетово – 31
  • Струга – 33
  • Велес – 24
  • Битола – 8
  • Охрид – 4
  • Кавадарци – 3
  • Гостивар – 7
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 3
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 20
  • Пробиштип – 1

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6801 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“