DIY: Сензорни шишиња, тегли и кеси со материјали од домот за стимулација на сетилата на децата
Почетна » Колумни » Сензорни авантури » DIY: Сензорни шишиња, тегли и кеси со материјали од домот за стимулација на сетилата на децата

DIY: Сензорни шишиња, тегли и кеси со материјали од домот за стимулација на сетилата на децата

Често го добивам прашањето за идеи и препораки за игри со најмалите.

Денес ќе говорам за сензорни игри кои можеме да ги направиме и сами, со материјали од домот.

Девојките обожаваат да истражуваат и експериментираат. Креирањето на Сензорните Шишиња е шанса да бидат креативни, фокусирани и трпеливи. Прилично често се дел од нашите активности, па имаат направено голем број, во сите варијанти, со сè што ни се наоѓа во домот.

Сензорните шишиња се одлична игра и стимулација за сетилата на најмалите.

Преку допирот на истите се стимулира тактилното сетило, преку многу светки и бои се стимулира сетилото за вид, а со тропкањето на малите делчиња и сетилото за слух. Одлични се за насочување и задржување на вниманието кај децата, а имаат и смирувачко дејство.

Што ви е потребно?

Покрај пластичното шише (jас лично сум против стаклени, поради безбедносни причини, бидејќи овие сензорни активности се и за бебиња), употребуваме најразлични ситни делчиња за пополнување.

  • Камчиња, копчиња, тестенини, ориз/грав и други работи кои едноставно би тропкале и би го задржале вниманието на децата.
  • Спајалици, доколку користиме магнет од надворешна страна за истите да се движат.
  • Ситен декор како цевки пресечени на мали парчиња, водени перли и сл. и потоа дополнуваме со вода.
  • Вода обоена со (прехранбена) боја и различни светки.
  • Комбинација од масло и вода (може и во боја). Како што споменав, неограничена креативност и одлична игра и за најмалите.

Подготовка

Процесот на подготовка е следен:

Сензорно шише. Шише со 2/3 вода го дополнуваме со безбоен лепак и добро го затвораме и промешуваме. Потоа додаваме светки и декор по желба.

Сензорна тегла. Во три мали сада ставаме малку растворена боја (јас искористив 3 видови на бои). За најмалите може да се употреби пластичен сад со соодветна форма.

Во теглата ставаме топчиња памук, полеваме со еден вид боја и потоа малку светки. Потоа втор ред памук, повторно полеваме со боја, на крај другиот вид и повторно светки. Истата постапка ја повторив и трет пат, потопувајќи го памукот со третиот вид боја.

Сензорна кеса. Малку вода, малку бебешко масло, некоја капка сина боја и светки/претходно споменатиот декор. Логоата од кесата ги отстранив со ацетон и со селотејп добро ја затворив истата. За најмалите, кои сè уште лазат, залепете ја оваа кеса со селотејп на подот.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 15%
  • 21%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10166 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.