Пак ли со тоа шлакутниците!? Рецепт за кинетички песок со 2 состојки кои ги има во секој дом
Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Пак ли со тоа шлакутниците!? Рецепт за кинетички песок со 2 состојки кои ги има во секој дом

Пак ли со тоа шлакутниците!? Рецепт за кинетички песок со 2 состојки кои ги има во секој дом

„Немаш попаметна работа, па цел ден ќе шлакате.“

Сензорните игри во домот се често критикувани и одбегнувани, сосема неосновано според мене, поради нередот кој го оставаат децата позади себе при играта.

Често се заборава на еден важен момент. Преку таа спонтана и слободна игра, децата истражуваат, ја поттикнуваат својата љубопитност и креативност. Секогаш кога малите прстиња активно се користат во играта, се подобрува и фината моторика.

Преку тактилната стимулација ја осознаваме околината и предметите во истата.

Дете

Површината на нашата кожа е осетлива и нејзините рецептори реагираат на различни надворешни влијанија како допир, притисок, температура и болка.

Малите деца, до првата година, најчесто ја осознаваат околината преку устата поради многу рецептори кои постојат во истата.

Тактилната стимулација е од огромна важност кај децата и нејзиното стимулирање е често составен дел од многуте игри во нашето секојдневие.

На една обична прошетка во природа, со допирот на мов, кора од дрва, камчиња и земја, нашето тело препознава различни супстанции и различна цврстина. Песокта во игралиштето можеме да ја почувствуваме дали е можеби вжештена од сонцето или сè уште влажна од неодамнешниот дожд. На овој начин, примаме неограничен број на информации за околината и детето донесува заклучоци и одлуки.

Покрај сензорните игри за тактилна стимулација во природа, постојат многу активности и за во домот.

Една од нашите омилени сензорни игри за тактилна стимулација во домот, покрај играта со пластелин, е играта со кинетички песок.

Се препорачува за игра после третата година или кога оралната фаза е веќе завршена и не постои опасност детето да става во уста.

Тактилната стимулација е во тесна поврзаност со фината моторика, па детето со прстите ќе притиска, а истовремено ќе ја користи својата креативност и ќе оформува.

Рецепт за кинетички песок

Поради цените на истиот, кои прилично варираат и знаат да коштаат едно мало богатство доколку е редовно на распоред за игра кај децата, одамна испробавме еден рецепт од типот „направи сам“ од кој сме презадоволни и искрено го препорачувам.

Дете Дете Дете

Што со нередот?

Едноставно постелете мушама на подот врз која ќе играат децата или употребете голем сад (ние употребуваме пластични корпи), во кој ќе стои и ќе биде оформуван песокот.

Што кога детето одбива да игра?

Многу деца се соочуваат со одбивност или голема нелагодност при контакт со различни текстури и материи. Одбиваат игра и каков било контакт со истите. Без форсирање, едноставно стимулација и заеднички со нив да откриеме што е причината за одбивањето и начините за евентуално надминување.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 15%
  • 21%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10174 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.