Детски развој: Рана стимулација и интервенција
Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Детски развој: Рана стимулација и интервенција

Детски развој: Рана стимулација и интервенција

Пред да започнам да говорам за себе, за нас, за нашето искуство, би кажала неколку зборови околу стимулацијата и интервенцијата, за полесно диференцирање и сфаќање на суштината и значењето на истите.

Рана стимулација

Најновите истражувања докажаа дека играта во првите години од животот на детето е од огромно значење за неговиот понатамошен развој и играат огромна улога врз неговите идни социјални, емоционални, моторни, но и когнитивни вештини.

Целта на раната стимулација не е да го форсираме детето да постигне цели и да изврши задачи за кои сè уште не е спремно. Напротив, потребно е да се препознае потенцијалот на секое дете и соодветно да се стимулира истиот, истовремено да се препознаат предизвиците со кои се соочува и со соодветни активности да се зајакнат неговите вештини.

Дете

Секое дете е различно и има сопствено темпо на развој. Да не го заборавиме тоа и сопствените желби и цели кои можеби ги имаме како родители во врска со развојот на сопственото дете да ги прилагодиме на него и неговите способности, афинитети и желби.

Достигнувањата во развојот зависат од повеќе фактори и пред донесување на целокупен заклучок, потребно е добро да ги запознаеме сите и да ја сфатиме нивната поврзаност пред да избрзаме со погрешни заклучоци.

Да не се форсира детето. Иако на моменти делува дека границата помеѓу стимулирање и форсирање е тенка, да бидеме внимателни и да не ја преминуваме.

Игра со детето. Единствен начин за стимулација на бебето, од најраната фаза во животот, е токму преку играта. Од огромна важност е да се чувствува удобно, да е нахрането, одморено и наспано, а ние да му овозможиме средина за тоа. И подоцна потребно е да се обезбеди стимулативна средина која ќе му овозможи на детето без одвлекување на внимание во вид на различни медиуми или сл. да игра и да се забавува.

Рана интервенција

Целта на раната интервенција е поддршка на деца со пречки и дефицити во развојот, но и деца кои се со ризик за настанување на истите.

Цели и сфери на рана интервенција

  • Стимулирање на перцепцијата, движењата, комуникацијата и говорот на детето.
  • Совладување на техники за недостатокот на вештини од една сфера да се надополнат со вештини од друга, со цел евентуалните дефицити да се надокнадат.
  • Поддршка во развојот на вештини од секојдневниот живот.
  • Поддршка на социјалниот и емоционалниот развој.
  • Когнитивните способности на детето да се подобрат.
  • Логичкото размислување и способноста за решавање проблеми и донесување одлуки.
  • Внимание, фокус, анализирање.

Децата кои имаат проблем со слухот, деца кои имаат проблем со говорот, деца кои имаат проблем со видот, деца со пречки во когнитивниот развој, деца со физички потешкотии и деца кои покажуваат знаци на психички проблеми се препорачува да добијат ваков вид на интервенција, соодветно, според потребите.

Раната интервенција опфаќа дијагностика, третмани и евалуација, но и советување и поддршка за родителите.

Моментот кога родителот ќе увиди или ќе му биде соопштено од страна на стручно лице дека кај детето постојат дефицити и потешкотии во развојот може да биде вистински шок.

Прифаќање на состојбата на детето, но и секоја помош која стои на располагање од страна на стручните лица, се од огромна важност за надминување на оваа состојба или нејзино ублажување.

Важни области за рана стимулација и рана интервенција

  1. Фина моторика - развојот на фината моторика ги вклучува рацете и прстите на детето, што е од огромно значење од моментот кога бебето ќе го открие движењето на рачињата.
  2. Груба моторика ги опфаќа другите делови од телото, рацете, нозете и општото држење на целото тело.
  3. Социо-емоционалниот развој е од огромно значење за можноста детето да ги познава сопствените емоции, да ги препознава туѓите, но и да успее да воспостави врска и поврзаност со останатите.
  4. Говорот и можноста да зборува и одговара.

Раната стимулација и раната интервенција ги опфаќа децата од моментот на самото раѓање, па до 6 години или претшколска возраст.

Детскиот развој е сложена област и колку и да сметаме дека ги познаваме нашите деца, сепак постојат работи кои не можеме секогаш да ги согледаме објективно, па поради тоа потребно е да ги слушаме советите и насоките на терапевтите. Го издвојувам профилот на plachkaigrachka_razvojni_igri затоа што можете да најдете убави постови поврзани со детскиот развој и проблемите со кои може да се соочуваат децата, објаснети на суштински и разбирлив начин за секого.

Мој омилен пост е компарацијата на детскиот развој со тортата, кој на сликовит начин го опишува детскиот развој и овозможува секој родител да го визуелизира и да запомни дека една торта (детски развој) ќе изгледа убава на лик доколку направиме совршена и избалансирана внатрешност на тортата.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 15%
  • 21%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10172 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.