20 совети за посреќен живот на снаата и свекрвата
Почетна » Колумни » Ловец на приказни » 20 совети за посреќен живот на снаата и свекрвата
Ловец на приказни

20 совети за посреќен живот на снаата и свекрвата

За свекрвата

  1. Синчето не е веќе дете, време е да се прекине папочната врска, бидејќи тој е голем маж! Остави го да биде свој човек. Во спротивно, му правиш лоша услуга, ако е зависник од туѓо (твоето) мислење и неговата сопруга нема да го почитува.
  2. Не се натпреварувај со снаата оти секогаш ќе ја изгубиш таа битка. Што и да кажеш или направиш, тој навечер пак ќе мора да си легне со неа.
  3. Не се мешај во тоа каков мебел ќе си одберат младите оти тие ќе живеат со тоа што си го купиле.
  4. Не ги навредувај родителите на снаата оти тие ѝ се родители, а тоа навистина боли. За секој кажан лош збор има последици кога-тогаш. Ако снаата е молчелива и ви преќутува на навредите, тоа не значи дека не ја погодуваат вашите зборови, а вие само храните темпирана бомба, која не се знае кога ќе експлодира. А ако снаата е кавгаџика, ете ти расправија од која најпогоден сигурно ќе биде синот.
  5. Немој да се навредиш ако младите одлучат да живеат одвоено, а немаат доволно финансии, бидејќи само сакаат мир и малку интима. Парите некогаш не се важни. Можеби снаата има навика да се шета по долна облека.
  6. Не ја озборувај снаата пред други луѓе оти ќе се најде некој „добронамерник“ што ќе ѝ каже, а истото правило важи и за снаата.
  7. Не се фали и не „преувеличувај“ за тоа дека ги чуваш внуците и колку многу правиш за нив, посебно ако тоа не е вистина. И ако правиш нешто за внуците, го правиш најмногу поради себе, подобро не прави ако не можеш, бидејќи никој не сака да му префрлаат.
  8. Не очекувај благодарност од снаата, што и да направиш за синот и внучињата, биди реална, бидејќи да е за снаата не би се трудела.
  9. Не ја „пецкај“ кога ќе ти дојде на гости, ако сакаш да дојде пак!
  10. Прости ѝ ако јазикот ѝ е побрз од мислата, мудроста доаѓа со годините, а кај некои луѓе никогаш.

За снаата

  1. Малку поголемо трпение молам! Изброј до десет пред да кажеш нешто. Сепак таа е мајка на твојот сопруг, ако ништо друго, заради него.
  2. Кажи ѝ на свекрвата на убав начин што ти пречи за да не ги повторува работите што не ти се допаѓаат, па да дојде до поголем конфликт. Ако не се поправа, игнорирај ја или избегнувај ја. Така двете ќе бидете поштедени од нервоза.
  3. Не ѝ наоѓај маани на свекрвата кога ги чува твоите деца, од типот не ги преоблекла кога треба, или им дала чоколади, сфати дека ѝ нејзе не ѝ е лесно на стари години да чува деца. Биди среќна што воопшто се нафатила да ги чува.
  4. Учи ги твоите деца да ги сакаат баба и дедо, оти снаата и да не им е по ќеф, внучињата за нив се нешто највредно, почитувај ја нивната љубов.
  5. Ако свекрвата ти дава замерки околу чувањето на децата, кажи ѝ дека тоа е твојот начин и оти секоја мајка си има свој начин.
  6. Не барај услуги или жртви од свекрвата, оти таа не е твојата мајка.
  7. Не барај свекрвата да се откаже од својот живот заради тебе, секој има свој живот па и таа, па затоа не се обидувај да ѝ го организираш времето.
  8. Купи ѝ подарок на свекрвата, ќе се израдува, а со тоа покажуваш почит кон неа и институцијата „баба на твоите деца“.
  9. Еднаш во месецот може да испиете кафе, сепак не сме во Америка, ние сме Балканци.
  10. Не заборавај и ти еден ден ќе бидеш свекрва, па сега добро размисли што не сакаш да ти прават. (Важи само за оние што имаат машки деца.)

Списокот совети може да се надополни со ваши сугестии. :)

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6270 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.