Царица или магарица
Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Царица или магарица
Ловец на приказни

Царица или магарица

Мојата покојна баба велеше: „Мажот ќе те направи или царица или магарица“. Ние како девојчиња кога ќе ги изговореше овие зборови, се смеевме заедно со неа, затоа што беше вистинска шегаџика. Тогаш јас уште зелена, одважно велев: „Кој може мене да ме престори во нешто ако јас не му дозволам?“ Но, како поминуваше времето, и како созревав, зборовите на баба ми почнаа да добиваат смисла. Постојано гледав жени околу себе, некои беа третирани како царици, некои како магарици. Не знам дали причината беа нивните сопрузи, или е до нив самите.

Љубовен пар

Ќе ви дадам еден пример кој скоро го видов на плажа. Поголемо друштво седеше во кафулето веднаш до плажата. Забележливо беше дека сите беа седнати само една жена остана без столче. Таа застана потпрена до столот на нејзиниот сопруг. Тој толкав сом не можеше да ѝ отстапи место на жената, туку опуштено си седеше. Се гледаше дека на жената не ѝ беше пријатно што виси над него. Еден маж од нивното друштво стана и ѝ го подаде неговото столче на жената. А сопругов се обиде да го спречи, ја поткрена раката и му рече: „Нека е, може да стои“. Жената го зема столчето и седна налутено. Непријатна ситуација, навистина. Со овој навидум мал гест сопругот ја направи жената магарица. Може и дијаманти потоа да ѝ купи и не знам каде да ја носи на одмор, ако односот е ваков, таа никогаш нема да се чувствува како царица. Е за ова зборуваше баба ми.

Не знам зошто ако жената седи, а мажот стои, тоа некако не изгледа страшно, ама обратно, навистина изгледа грдо. Секако, постапките сами зборуваат за нас, па така е и со примеров, мажот со неговиот гест покажа дека нема култура, но навистина е непријатно и за жената. Ако тој ја третира жената со почит, како царица, тогаш и другите ќе се однесуваат така со неа.

Знам многу умни жени кои навистина заслужуваат почит, но од нивните мажи не се третирани така. Не знам дали тие дозволиле така да се однесуваат со нив. Многу од нив кога биле млади, мажот им бил предизвик, па се фатија во замката дека ете имаат моќ да го сменат љубениот и заглавија целиот живот со него. Па така се нашле во вечниот животен вртлог „како од мажот да направиш човек“. Такви има многу примери. Жени кои се скромни, кои најчесто го носат товарот на семејството на нивниот грб, но никогаш нема да ги слушнеш за тоа што направиле и што постигнале, ем се магарици, ем трпат некоја „будала“. Затоа старите не велат џабе: „Убавите круши свињите ги јадат“.

Има и една друга варијанта, има жени како ликот од драмата на Нушиќ „Госпоѓа министерка“. Жена која целиот живот ги користи бенефициите од сопругот додека тој е на функција, и почитта ја гради благодарение на него, иако таа никогаш не постигнала ништо во животот. Најчесто ваквите жени полни се со себе, од сѐ се разбираат и сѐ си знаат, а ги запознале и сите итрини... Е овие живеат царски, не само заради материјалните добра, туку заради тоа што не размислуваат за почитта. Едноставно само им годи што луѓето им се додворуваат заради функцијата или бизнисот на сопругот, притоа не размислувајќи и не оптоварувајќи се со тоа зошто се третирани како царици.

Секако, ова се екстремни ситуации, не сите жени на моќници се според описот на Нушиќ, или не сите успешни жени не се почитувани. Нѐ има секакви, а и со мажите е така. Сигурна сум дека постојат многу фини машки примероци, само треба да знаеш да одбереш. Кој како си сака, сакаш да бидеш царица или магарица?

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 5873 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.