Од завист и каменот пука. Радувај се на туѓата среќа!
Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Од завист и каменот пука. Радувај се на туѓата среќа!
Ловец на приказни

Од завист и каменот пука. Радувај се на туѓата среќа!

Паметам дека како дете дедо ми често ќе вртеше со главата и ќе речеше: „Од завист и каменот пука“. Тогаш не разбирав што сака дедо ми да каже и зошто го зборува тоа, но подоцна кога пораснав, почнав да ја декодирам оваа реченица која ете ми се врежала како жиг во главата.

Завист

Се радував кога мојата најдобра другарка ја доби првата 10-ка на факултет, тоа беше невидена среќа за мене. Јас сум една година помлада од неа, во тој период го завршував средното училиште и посебно се гордеев со ова нејзино постигнување, а подоцна и со сите нејзини наредни успеси. Особено се радував кога моите другарки се вработија. Паметам дека лумпувавме до зори. Во периодот по дипломирањето имав голема стагнација, не заработував, а моите имаа некоја инвестиција па заради тоа дома ни беше стегнат ременот. Тоа беше и причината заради која и ги скратив и ноќните излегувања. Никогаш не им завидував на моите другарки иако имаа повеќе пари од мене, исполнето време, а можеа и да си дозволат многу работи. Никогаш не ми било мака што тие имаат, туку ми било мака што ете јас немам, и мислам дека ова е сосема нормално. Оти ако не посакам повеќе од животот, нема ни да добијам, секако притоа да не наштетам никому со мојата добивка.

Случајно еден мој дамнешен пријател ми кажа за тоа дека бараат човек во компанијата во која работеше. Отидов на разговор и ме примија. Бев пресреќна и сакав среќата да ја споделам со една моја другарка. Поминав од кај неа на работа и паметам дека видно возбудена и раскажував за тоа како поминал разговорот, но таа наместо да се израдува, почна да бара нешто по масата, да трепка со очите, да го менува тонот на гласот. Искрено многу ме разочара, мислам дека во тој период научив многу работи. Тоа е времето и кога престанав да имам очекувања од луѓето. Знаев дека среќата ќе си ја делам само со мама и тато, оти само тие вистински се радуваа. Секогаш кога некоја од моите другарки ќе постигнеше некаков успех, јас го доживував како личен успех, оти со тоа, макар и илузорно, ја зголемуваа мојата вредност, но изгледа дека не сите се радуваат на туѓата среќа.

Колку пати сум видела луѓе како фаците им се изобличуваат од завист, не морале да изустат ништо! Мислам дека зависта особено кулминира во зрелите години. Можеби луѓето додека се помлади имаат соништа и очекувања од себе и завидувањето не е изразено, но страшно е кога ќе созреат и кога веќе се трасирани животните патеки, и кога оваа карактерна црта се зајакнува.

Бидејќи таква ми беше работата, контакти со многу луѓе, а со тоа среќаваш и секакви карактери, најинтересно беше кога некој ќе кажеше дека се вработил некаде на друго место или отишол на некаква подобра позиција. Веднаш се создаваа групи кои делеа една иста работа – зависта. Работата одеше и дотаму како да му расипат на колегата кој се изборил за таа позиција. Сум видела како во вакви ситуации најголемите непријатели стануваа пријатели, што е неверојатен феномен.

Од дамнешни дни луѓето се штителе од зли очи, а и нашата духовна и материјална култура е богата со разни суеверија поврзани со зависта. Така на пример капите од носиите се посебно украсени со разни „тракатанци“ за злите очи да не гледаат во невестата туку во накитот. Така е кај нас, а и во светот, оти зависта е универзална болка.

Дедо ми, а и сите наши предци, многу добро ја разбирале разорната моќ на оваа напаст, оти најверојатно и ја искусиле. Ех, да имаше лек за зависта, голтни апче и ќе ти помине, многу лесно ќе беше да научиме да се радуваме на туѓата среќа. Немаше да се случуваат многу неправди, многу скршени срца и многу солзи, но тоа е тоа, мора да живееме со оваа негативна емоција и да се навикнуваме дека ние луѓето не сме светци, туку живи битија кои грешат.

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 5875 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.