Време е за нешто убаво
Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Време е за нешто убаво
Ловец на приказни

Време е за нешто убаво

Летам од среќа, оти се случи живот. Колку е убаво чувството кога ќе дознаете дека некој ваш близок чека бебе, особено ако е долго очекувано бебе. Мојата прва братучетка е бремена, и оваа вест навистина ме измести од колосек.

Бременост

Прв пат ваква емоција доживеав пред 18 години, кога мојата драга тетка со која израснав, по многу години неизвесност остана бремена, тоа беше долго очекувано дете. „Ако биде машко, можеби Огнен ќе се вика“, велеше таа. Паметам дека имаше една книга со имиња во кои беше напишано објаснување за нивното значење и нивна етимологија. Откако дознавме дека ќе биде девојче, дававме предлози, ги кажувавме имињата гласно за да слушнеме како звучат. Дури измислувавме и цели реченици: „Еј, Искра подај ми ја тетратката“, или „Калина те сакам“, или „Мила е навистина убава“ за на крај да го избереме името Сара, што на хебрејски значи принцеза. Често знаевме да муабетиме со часови, па така разговаравме за тоа колку е волшебно зачнувањето или кога бебето добива душа и што е условот да добие срцева реакција.

Еееј замисли тето, ќе станеш мајка, ти си создала нов живот, од твои клетки, од твои атоми се создало ново битие, нели е тоа волшебно?“ А тетка ми замислено само климаше со главата. Не паметам кој влезе кај нас дома за да ни ја каже веста дека се породила, но паметам дека татко ми стоеше и наеднаш седна, ја наведна главата и почна да рони солзи од среќа, а ваквата емоција се пренесе и на другите. Кога се погледнавме, сите бевме со влажни очи. Отворивме вино и се наздравуваше. По два дена сите нетрпеливо чекавме пред клиника Чаир за да ја видиме Сара, која денес е веќе голема девојка.

Се разбира, емоциите се со најголем интензитет кога очекуваш свое дете. Јас кога дознав дека сум бремена, тоа беше настан кој комплетно ми го смени животот!

Паметам дека докторката ме прегледуваше со ехо и забележа топчест меур на екранот. „Епа девојче, бремена си!“ – ми рече. А јас со неверување: „Сигурна сте?“ Почнав да треперам како лист. Почна да ми ѕвони во главата, не можев да станам, се стуткав и почнав да плачам.

Јас мајка, јас носам живот во мене. Во тој момент сакав да бидам сама, јас и мојот зачеток во утробата. Јас уствари не сум веќе сама, двајца сме во едно тело, си мислев. „Девојче, мажена си?“, ме праша докторката загрижено. „Ќе се мажам за три месеци“ – одговорив. „Аха“, ѝ олесна на докторката кога ѝ кажав.

Чекорев кон дома и ништо веќе не беше како порано. Знам дека дури стигнав до дома, видов барем 4 трудни жени, кои во нормална состојба не би ги забележала, но сега ги приметував. Да не бев во ваква состојба, најверојатно не би ги забележала никогаш. Веднаш како да припаѓаш во „светот на трудните жени“ и тие непознати жени ти се пријателки по стомак.

И за крај се надевам дека мојата братучетка ќе роди здраво детенце, а тоа го посакувам и на сите нејзини пријателки по стомак. А оние кои не се, да ја почувствуваат таа лавина од емоции кога тие ќе посакаат.

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 5871 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.