Let’s talk about sex!
Во земјата на чудата

Let’s talk about sex!

Во лудилото наречено живот, исполнет со стрес и зачинет со милиони обврски, има мали, но исклучително важни нешта кои помагаат човек да одржи здрав разум. Едно од тие нешта е сексот.

Верувам дека првото искуство е многу значајно за понатамошниот сексуален живот и затоа треба да се избере со кого и кога ќе се случи. Формула нема, особено не за тоа колку долго треба да сме во врска претходно, моментот едноставно доаѓа и се препознава. Важно е дека треба да го почувствуваш моментот, да сакаш, а не да биде изнуден со молби или закани дека ако не се случи, врската нема да продолжи. Во „мое време“ имаше еден еротски филм „Емануела“ – во денешно време веројатно воопшто не би се декларирал како еротика, ама тогаш беше револуција, и се разбира единствениот филм кој по 00.00 го емитуваа на прва програма. Убаво се сеќавам дека во еден од деловите Емануела се обидуваше да се врати во минатото и да ја најде причината поради која сега не ужива во сексот. Се разбира, тоа беше првото сексуално искуство, кое за неа било негативно! Потоа имаше нова приказна, како би било доколку првото искуство би ѝ било убаво, во која уживањето во сексот беше постојано потенцирано. Филмов го гледав некаде кога имав 14-15 години и не можам да ви опишам како ми влијаеше врз мојот однос кон сексот!

Секс

Сексот е важен показател дали партнерот ни одговара или не, а често знаеме да го занемариме. Знам девојки кои не уживаат во сексот. Никогаш немаат секс по нивна иницијатива, туку строго кога партнерот ќе успее да ги убеди, откако ќе им снема изговори дека ги боли главата, стомакот, уморни се, нервозни, рано треба да станат и не знам уште што не се користи како изговор да се избегне секс. Многу пати сум се прашувала како им е на тие мажи кои буквално молат за секс. Реалноста е дека ако не сакаш да имаш секс со партнерот, треба да се преиспиташ дали тој е вистинскиот избор за тебе. Ако немам желба да си пружиме обострано задоволство, зошто би била со него? 

Многу луѓе сметаат дека не е голем проблем ако сексот на почетокот на врската е лош, со време тоа ќе се надмине. Точно е дека со текот на времето партнерите си ги учат меѓусебните потреби и желби, па сексот станува подобар, но тоа се само нијанси. Може да има подобрувања, но не и да се случуваат чуда. Можеби ќе успеваш да доживееш оргазам за пократко време, или пак наместо 2-3, да имаш по 4-5 оргазми во текот на еден сексуален однос, но ако воопшто не доживуваш оргазам, тогаш не чекај да помине време и да се навикнете еден на друг, туку прашај се дали тој е вистинскиот за тебе.

Само максимално опуштени можеме целосно да уживаме во сексот! Знам девојки кои не преземаат иницијатива, во сексот имаат крајно пасивна улога, и не мислам само на позите туку целиот чин, а се згрозуваат од самата помисла на орален, или не дај боже, анален секс. Со компатибилен партнер оралниот секс би требало да е убаво задоволство, со совршено погоден мирис и вкус и реакција на партнерот која значително ја подгрева атмосферата. Јас верувам секој треба да е отворен во сексот, со желба за учење и експериментирање, помалку или повеќе, сепак тоа зависи и од карактерот на оние кои се во приказната. Додека едни сакаат да се држат до некои стандардни тестирани пози, за други експериментирањето нема граници. И едното и другото се во ред, само ако двајцата партнери се среќни со изборот.

Ако немаш желба за секс додека сте во врска, без обврски да се грижиш за себе и семејството, што останува за подоцна – кога ќе имаш милион обврски и притисоци? Со текот на времето страста полека опаѓа, па со тоа делумно и желбата за секс, но ако сексот е добар и редовно доживуваш оргазам, тоа ќе помогне страста да не исчезне сосема и да се задржи желбата за секс.

Живи луѓе сме, па нормално е дека некогаш негативното окружување може да се одрази на сексуалниот живот. Нема секогаш да ти биде до секс, ќе има и моменти кога нема да биде лесно да се опуштиш. Причините може да се најразлични – стрес како резултат на испитна сесија, проблеми на работа, финансиски проблеми, или пак хронична ненаспаност кога се мали децата, но ова може да се само периоди, а никако вообичаена состојба. Дури и во вакви периоди од редовниот секс ќе имаш повеќекратни придобивки – ќе се чувствуваш подобро затоа што ќе имаш издувен вентил кој ќе ти помогне да се ослободиш од сите притисоци и позитивно ќе се одрази на односот со партнерот. 

За мене ваков период беше кога имав бебиња. Непроспаните ноќи тотално ми ја убија желбата, но успевав барем за викенд да најдам сила и да имам колку-толку редовен секс. Често тоа беше со последната сила, имаше и моменти кога се убедував дека морам да соберам сила, но решив дека сексот нема да го занемарам затоа што сум убедена дека е многу важен. Сега, откако децата потпораснаа, нема други работи кои негативно ми влијаат на сексот. Јас не верувам во брак без секс, и мислам дека секој треба да реагира уште кога ќе ги открие првите знаци на опаѓање на желбата за секс. 

Но сексот сам по себе не е она кое нѐ тера да го сакаме и бараме повеќе и повеќе. Тоа е оргазмот. Додека сексот може да биде добар, лош или просечен, оргазмот е добар, одличен или mindblowing (никако да најдам соодветен збор на македонски јазик). Многу девојки имаат проблем со оргазмот, најверојатно поради тоа што не се опуштени или имаат партнери кои не им одговараат, но упорно остануваат со нив. Реалноста е дека ако сме опуштени и со партнер кој умее да нé следи, чуда се случуваат! Тогаш не само што нема никаков проблем да се доживее оргазам, туку не е еден, туку повеќе и повеќе... некогаш толку многу што повеќе не можеме да ги издржиме. Со таков сексуален живот, многу проблеми се надминуваат полесно.

Често се вели дека сексот е преценет, но многу често тој е и потценет! Сакајте го сексот, опуштете се и уживајте!

Автор: Алиса
Алиса е жена во раните 30-ти години – во постојана трка со времето и потрага по баланс меѓу обврските на работа, со децата, домаќинството и образованието. Во постојана борба со себе, помеѓу посакуваната спонтаност од една страна и неопходната организираност од друга, помеѓу неодоливите чоколади и посакуваната линија, меѓу желбата за кафе со пријатели и редовното вежбање. Не може да живее без предизвици, а ништо не ја опушта како ден поминат во природа, пливање, или цел ден поминат зад волан – сама, со радиото.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6029 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?