Стрес, хормони, ПМС и ПМДП
Почетна » Колумни » Антистрес клуб » Стрес, хормони, ПМС и ПМДП

Стрес, хормони, ПМС и ПМДП

Акумулираниот стрес, независно од какво потекло, кај жената мошне често предизвикува промени во хормонскиот статус. Може да се каже дека кај женската популација хормоните и нивниот динамичен баланс се најслабата точка. Баш врз таа точка најчесто се одразуваат резултатите на нерегулираниот стрес во женскиот организам. Но зошто да е тоа така? Одговорот е едноставен. Делот од мозокот кој е одговорен за контролата на лечењето на хормоните во организмот е директно подреден под емоционалниот дел од мозокот (лимбичниот систем). Секоја подолготрајна нерегулирана емоција може да се транспонира понатаму во пореметување на хормонското лачење. А, добро знаеме колку се жените природно пресензибилни и емоционално ранливи, колку тешко поднесуваат емоционални фрустрации... Секоја необработена, а потисната, емоционална содржина така станува стресен корпус кој натаму се реализира преку хормонален дисбаланс. Оттаму и дисменореи и аменореи кај жената поради стрес, тиреотоксикози, проблеми со плодноста, хормонални главоболки итн.

Жена

Првите симптоми кои укажуваат на акумулиран и необработен стрес кај жената (најчесто од несвесен, потиснат и необработен емоционален конфликт) е засилување на симптомите кои настануваат при одвивање на природниот хормонален дисбаланс (меѓу нивоата на естроген и прогестерон) кој се јавува неколку дена пред менструацијата. Синдромот на ПМС (предменструален синдром) е веќе пошироко познат меѓу жените, но покрај него постои и синдромот наречен ПМДП (предместруално дисфорично пореметување). Што треба секоја жена да знае за ПМС и ПМДП?

ПМС – предменструалниот синдром е често пореметување кое се јавува во фертилниот (плодниот) генеративен период кај жените. Се смета дека околу 75% од жените во текот на животот пројавуваат симптоми и знаци кои можат да се подведат под ПМС, а кои вообичаено се застапени меѓу 5-тиот и 11-тиот ден пред менструацијата. Најчести симптоми и знаци на ПМС се: надуеност во стомакот, пречувствителност на градите, главоболка, опстипација или дијареја, потреба за храна, намалена толеранција на бучава и светлина, несмасност во однесувањето. Останати симптоми и знаци се: конфузност, потешкотии во концентрација, замор, потиштеност, чувство на беспомошност, заборавност, иритираност, агресивност, непријателство, избувливост, намален или зголемен сексуален нагон, промени во расположението, слаба проценка, лоша слика за себе, чувство на вина, страв, несоница или прекумерно спиење, летаргичност и успореност во движењето.

ПМДП – предместруалното дисфорично пореметување е присутно кај 3-8% од женската популација во фертилниот период. Овој, потежок, тип на пореметување е вообичаено поврзан со анксиозност, депресивност и сезонското афективно однесување. Симптоми на ПМДП можат да бидат: незаинтересираност за дневни активности и релации, замор или ниско ниво на енергија, потиштеност, беспомошност, можно присуство на суицидни мисли, напнатост, анксиозност, чувство на неконтрола, потреба за храна или нередовна исхрана, промени во расположението пропратени со плачливост, панични напади, физички симптоми како надуеност, пречувствителност на градите, главоболка, болки во зглобовите и мускулите, несоница, проблеми во концентрација. Доколку постојат пет или повеќе симптоми и знаци од претходно набројаните, тогаш се работи за ПМДП.

Појавата на засилен ПМС и ПМДП, особено, укажуваат на сериозноста од превентивен пристап и вклучување на стручни антистрес техники и процедури. Сè со цел да се спречи натамошен развој на потешки хормонски и имунски пореметувања.

Поволна информација е дека од скоро во Република Македонија постои можност за самотестирање на интерактивниот интернет портал за самопомош во областа на стресот www.antistres.mk, каде што се поставени повеќе (девет) бесплатни тестови, меѓу кои и тестот за синдромот на прегорување. Доколку тестовите покажат високо ниво на стрес во организмот, постои можност за избор на соодветни антистрес програми за заштита на организмот од последиците од стресот.

Научете како да управувате со стресот, лесно и ефикасно!

Автор: Спец. Др. Звонко Џокиќ
Спец. Др. Звонко Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб (www.antistres.mk) како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во неговите колумни ќе пронајдете корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6551 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“