Стрес, болка и главоболка
Почетна » Колумни » Антистрес клуб » Стрес, болка и главоболка

Стрес, болка и главоболка

Болката е мошне често предизвикана од состојба на стрес во организмот. Стресот на невро-мускулно ниво се презентира преку напнатост на мускулите и тетивите, која натаму се пренесува и на нивните спојки со покосницата од коските. Бидејќи сите тие, а особено покосницата, се богато инервирани со нервни завршетоци и рецептори за болка, настанува повратно сигнализирање со натамошно дополнително затегање на мускулите и покачување на болката. Така се создава кругот напнатост – болка – напрегнатост – болка итн. Болката во грбот, вратот и главата се најчести и најшироко распространети видови на болка предизвикана од стрес. Оттаму е и објаснувањето за потребата по огромни количества на разноразни аналгетици кои ги консумира човекот на денешницата, како и по зголемениот број на физикални третмани, масажи, акупунктура итн.

Стрес

Главно решение за ваквиот тип болки е прекинување на повратната врска меѓу напнатоста и болката, односно регулирање на напнатоста преку соодветен антистрес програм и пристап. Соодветниот антистрес програм треба да води низ постапно опуштање на невро-мускулниот систем до состојба на потполна телесна опуштеност и чувство на внатрешна благосостојба. Таквата целна состојба означува и овозможување на лачењето на ендорфинот во организмот, кој е воедно најсилен природен аналгетик, антистресен и релаксационен хормон. Антистресниот пристап, кој се базира на редовно пратење и одржување на невро-мускулната напнатост на оптимално ниво, ја попречува појавата на синдромот на болка од стресно потекло.

Главоболката претставува една од најчестите болни состојби кај човекот на денешницата. Се претпоставува дека 15-20% од денешната популација страда од повремени или трајни главоболки. Од тоа се смета дека 90% од главоболките се должат на продолженото стегање на мускулите на главата и вратот поради емотивна напнатост и стрес. Од останатите (10%) причинители за главоболка најчести се: покачена температура, вирусни инфекции (грип), ПМС, мамурлак, проблеми со видот, покачен притисок, воспаление на увото, воспаление на синусите, процеси во забите и гингивите, (зло)употребата на лекови, никотин и хемиски супстанци, тумори итн.

Воглавно се разликуваат четири типа на главоболки: мигрена, тензиска главоболка, хронична тензиска главоболка и кластер главоболка.

  • Мигрената е вообичаено изразена преку пулсирачка болка на едната половина од главата и често е пропратена со мачнина, повраќање и чувствителност на светлина и бучава.
  • Тензиската главоболка настанува поради стегање на мускулите на вратот и главата. Се нарекува уште и психогена, миогена, невротска или стресна. Болките се вообичаено изразени во вид на притисок и стегање како обрач во пределот на челото, но и во тилот. Може да биде пропратена е и со надуеност на стомакот, стегање во грлото, лупање на срцето, раздразливост, тешкотии во концентрацијата и памтењето.
  • Хроничната тензиска главоболка е од исто потекло и со исти симптоми како претходната, но е присутна постојано и е со помал интензитет.
  • Кластер главоболката е силна главоболка во подрачјето на окото или слепоочниците, пропратена со солзење и цвенило на окото, запушеност на носот и зноење на челото и лицето.

Превенцијата на стресот и неговата регулација преку соодветни антистрес програми претставува адекватен третман на 90% од телесната болка и главоболките. Користењето на релаксациониот тренинг, кој може да се најде на www.antistres.mk, е изразено ефикасен и препорачлив за сите кои страдаат од овој тип на стресно пореметување. Тој едновремено претставува ефикасен третман, но и практична обука за натамошна самостојна примена при ваквите состојби.

Не чекајте, научете како сами да ја регулирате напнатоста и болката во својот организам!

Автор: Спец. Др. Звонко Џокиќ
Спец. Др. Звонко Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб (www.antistres.mk) како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во неговите колумни ќе пронајдете корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6552 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“