Почетна » Кариера » На работното место » 20 навики на успешните луѓе кои треба да ги „украдете“

20 навики на успешните луѓе кои треба да ги „украдете“

Мечтаете за светла иднина и чувство на исполнетост поттикнато од остварување на сонот за значаен успех? Кој не сака да биде успешен? Исполнети цели, горди лица, добра плата – секоја амбициозна личност посакува еден ден со задоволство да се нарече успешна. Но, успехот не доаѓа случајно. Не постои магична формула за вивнување кон врвот. Само присвојувањето на добри навики и негувањето на решителност, упорност и дисциплинираност вродува со плод.

Успешна жена

Па, што можете да научите од оние кои постигнале многу? Успешните луѓе:

  1. Не „трчаат“ до бескрај по плата, туку по среќа. Парите никогаш не се доволно, секогаш може повеќе. Бркањето на што поголема плата е потера која никогаш не завршува, цел која никогаш нема да биде исполнета и успех кој никогаш нема да биде постигнат. Во еден момент треба да кажете „Имам доволно“ за да можете да се фокусирате на она што е навистина важно – на вас, на сопствената среќа и на сè што имате покрај себе.
  2. Знаат да кажат „не“. Подобро е да кажете „не“ ако не можете да исполните одредена задача, отколку да кажете „да“ и да не успеете да ја реализирате. Успешните луѓе го знаат тоа и го применуваат. Тие не се плашат да кажат „не“ на неразумните барања од личности кои не знаат за доста.
  3. Се ранобудни и секој ден се будат во истото време. Луѓето кои постојано се закитуваат со успеси имаат добри навики на спиење – легнуваат рано и стануваат рано. Тие знаат дека утрото е време кое можат да си го посветат само себеси, без телефонот или компјутерот да им го одвлечат вниманието и го користат за да направат нешто што ќе им донесе посреќен и попродуктивен ден – вежбање, читање книга, време со децата, прошетка...
  4. Се фокусираат на тоа да бидат продуктивни, а не само да работат. Правилото „Работете попаметно, а не понапорно“ не е само клише. Успешните луѓе не одат на работа само за да работат, туку најпродуктивно да го искористат времето. Фокусирањето е од клучно значење.
  5. Не се споредуваат со другите и не им завидуваат за успесите. Наместо тоа, се фокусираат на сопствените цели. Успешните луѓе знаат дека секој човек е различен и дека секој има свој пат по кој чекори.
  6. Често прават жртви. Патот до успехот не е послан со црвен килим. Амбициозните луѓе често ги жртвуваат сопствените интереси или нештата кои ги сакаат, за да имаат време да ги следат зацртаните цели.
  7. Учат од туѓите грешки пред самите да ги направат.
  8. Гледаат на неуспехот како на дел од големото патување. Секој во одреден момент од животот се соочува со неуспех, но додека едни се откажуваат, успешните продолжуваат да се обидуваат. Тие учат од своите грешки за да не ги повторат во иднина. Нив нема да ги чуете да зборуваат за минатото користејќи поими како „грешка“ и „неуспех“ туку како „научени лекции“. „Успех е минувањето од неуспех во неуспех без загуба на ентузијазам“ – Винстон Черчил.
  9. Балансираат меѓу личниот и професионалниот живот. Не можете да се сметате за успешни ако нон-стоп работите, занемарувајќи го семејството. Успешните луѓе константно прават прилагодувања со цел да пронајдат баланс меѓу различните области од животот.
  10. Учат од тоа што некогаш биле, а се фокусираат на она што сакаат да бидат.
  11. Ги гледаат пречките како можности и ризикуваат. „Не одете онаму каде што ве води патот, наместо тоа одете каде што нема пат и оставете трага“ – Ралф Валдо Емерсон. Успешните ретко играат на сигурно, а почесто го избираат патот кој другите не се осмелуваат да го изодат. Тие имаат јасни цели и не дозволуваат непредвидените предизвици да ги спречат во реализацијата, напротив, гледаат на нив како шанси кои треба да бидат искористени.
  12. Избираат да бидат опкружени со успешни луѓе. Околината има моќ да ве инспирира да правите големи дела или да ве обесхрабри. Тешко е да бидете успешни ако сте опкружени со немотивирани, неамбициозни, здодевни и незаинтересирани луѓе. Наместо тоа изберете да бидете со чесни и амбициозни лица кои преземаат иницијативи. Или како што рекол основачот на Dropbox, Џим Рон: „Вие сте просекот од петте луѓе со кои минувате најголем дел од времето“.
  13. Не се жалат. Тие никогаш не се гледаат себеси како жртви затоа што знаат дека тоа само ќе им донесе негативна енергија и ќе ги направи непродуктивни. Нив нема да ги слушнете како се жалат дека нешто ги спречило да ја исполнат целта, од нив нема да слушнете изговори. Успешните ќе ги препознаете по тоа што постојано одат напред, знаејќи дека единствено тоа ќе им донесе успех.
  14. Ги прифаќаат конструктивните критики, а ги игнорираат зборовите полни со омраза. Не можете да научите ако не сакате да слушате. Тие знаат да ги ислушаат советите, а потоа да проценат кои од нив ќе ги следат (конструктивните), а кои засекогаш ќе ги избришат од своето сеќавање (негативните). Луѓето кои успеале ја знаат важноста на вербата во себе, во услови кога светот е полн со луѓе кои се обидуваат да ги спречат да чекорат по својот пат.
  15. Не ги оставаат задачите недовршени. „Она што не е запишано, нема да биде исполнето“ – успешните луѓе ги пишуваат своите цели во детален план и секогаш ги исполнуваат. Ослободете се од долгорочните цели и поставете си мали дневни цели кои можете да ги исполните.
  16. Им веруваат на своето срце и интуицијата. Не ја потценуваат својата интуиција затоа што знаат дека таа е резултат на нивното искуство, на начинот на кој реагирале во претходни слични ситуации. Тие знаат да се повлечат дури и кога нивниот разум им вели „да“, но интуицијата го кажува спротивното. „Имајте ја смелоста да го следите своето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што навистина сакате да станете. Сè останато е секундарно“ – Стив Џобс.
  17. Прават паузи. За да носите важни одлуки потребна ви е ладна глава. Дури и најуспешните личности признаваат дека многуте повици, состаноци, средби имаат свои последици, па исклучувањето од светот, макар и на еден час, им помага да си го вратат трезвеното мислење.
  18. Ги прифаќаат нештата кои не можат да ги променат. Успешните знаат дека постојат нешта кои не можат да ги променат и ги прифаќаат. Тие се свесни дека ако се обидат да го направат спротивното, само ќе додадат негативна енергија на ситуацијата, а сепак нема да ја поместат планината.
  19. Ги исполнуваат своите ветувања. Сè што е важно на крајот од денот е вашата репутација и довербата која другите ви ја даваат. Успехот се гради врз односи кои се темелат на доверба, а луѓето кои секојдневно живеат со него, постојано им покажуваат на луѓето околу себе дека можат да им веруваат.
  20. Редовно се потсетуваат на нештата кои ги прават среќни. Колку луѓе познавате кои имаат прекрасен живот, но сè што прават е да се жалат за нештата кои ги немаат? Луѓето кои успеале го прават токму спротивното, тие знаат колку се среќни и редовно се потсетуваат што е она што ги усреќува. Напишете три работи за кои сте благодарни и тоа веднаш ќе го вклучи вашиот мозок на опцијата позитивно размислување.

Успешните и неуспешните луѓе не се разликуваат многу по нивните способности. Тие се разликуваат по нивната желба да го достигнат својот потенцијал.

Џон Максвел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.