Почетна » Кариера » На работното место » Совети за напредок во кариерата од експерти за човечки ресурси

Совети за напредок во кариерата од експерти за човечки ресурси

Градењето на кариера е долг процес кој трае со години, а за мисијата да биде успешна, потребно е да бидете фокусирани на неа. Успехот не се случува преку ноќ, тој бара постојана работа и посветеност. Експертите кои се занимаваат со човечки ресурси секогаш имаат важни пораки за оние кои ја започнуваат својата кариера, сакаат да ја променат постоечката или се подготвени да бидат подобри од она што биле вчера.

Жена

Поставете ги темелите!

Дејв Олрич е човекот чиј огромен придонес ја формираше HR (Human Resources - човечки ресурси) професијата каква што ја знаеме денес и е нарекуван татко на модерниот HR. Во текот на неговата кариера, со прогресивни идеи, книги и говори ги реформира корпоративните индустрии, потенцирајќи ја важноста на ефективното лидерство. Кои се најважните лекции кои можеме да ги научиме од овој професионалец и да ги употребиме како насока на патот кој води кон напредок на професионален план?

Преземете контрола врз својата кариера

Често, организациите и компаниите ги диктираат опциите и изборите кога во прашање е кариерата. Но, во денешно време ја имате опцијата да бидете одговорни за кариерните избори. Кога нештата се одвиваат по план, бидете скромни, кога пак ништо не оди како што треба, останете издржливи. Во двата случаи, бидете љубопитни и одговорни.

Градете личен бренд

Последнава деценија, градењето на личен бренд стана важен фактор за креирање на успешна кариера. Работете на својата репутација и идентитет, правејќи нешто што им служи на другите и правете го тоа фантастично добро. Вашиот личен бренд треба автентично да ве дефинира за тоа кои сте професионално. Развојот на ваков личен бренд зависи од тоа дали сте подготвени да бидете брутално искрени со себе додека учите и растете.

Жена

Нека ве води балансот

Во еден од неговите постови на LinkedIn, Олрич пишува дека сè почесто гледа луѓе кои се повлекуваат од работните места, менуваат работни позиции, се преселуваат и одново ја бараат смислата на животот. Тука, главниот иницијатор е надежта за оставање на минатото зад себе и креирање на подобра иднина. Според Олрич, главно е да се запрашате што сакате следно. Кога ги следите аспирациите на професионален план, најважно е да ги синхронизирате работата, фамилијата, хобито, верувањата и здравјето за да имате прогрес.

Бидете храбри!

Арт Маркмен, професор и блогер кој ја истражува психологијата зад развој на кариера, потпирајќи се на статистиката, тврди дека многу луѓе не аплицираат на одреден оглас за работа бидејќи не ги имаат сите квалификации кои работодавачот ги бара. Маркмен потенцира дека ваквиот начин на размислување е погрешен и на долг рок привлекува стагнација. Ослободувањето од ставот дека не сте подготвени за одредена позиција или не ја заслужувате е клучно.

Наместо стоење во место, изберете напредок

Гледајте на новите работни позиции како на предизвик. Насочете го умот кон раст. Доживејте го огласот за работа како сет од насоки и детали поврзани со позицијата, а не како најстрога листа полна со барања. Важно е да поседувате дел од вештините кои се бараат, но не сите. Вештините се учат, талентот не.

Покажете ги вашите таленти!

Кога сме веќе кај талентот, Тим Тотерхи, експерт од индустријата за човечки ресурси, посочува дека е важно да го знаете Вашиот Х фактор. За Тотерхи, светот е мал и со подемот на работата од далечина, стана уште помал. Но, тоа не би требало да биде пречка за напредок доколку го знаете вашиот Х фактор и знаете како да го покажете на следното интервју за работа.

Жена

Го знаете ли Вашиот Х фактор?

Што е она што ве прави поразлични од другите? Што е она што баш им треба на вашите идни работодавци? Пронајдете го, верувајте во него и споделете го со светот. Препознавањето на Х факторот не би требало да ве направи арогантни и непобедливи.

Не престанувајте со учење

Всушност, успешните луѓе, како што вели Тотерхи, учат и од грешките. Важно е никогаш да не престанете да учите – од формалното образование, неформалното, од вашиот ментор, од вашите постапки на работното место и секако од грешките кои не можат да се предвидат, но се важни лекции за сите оние кои сакаат да бидат подобра верзија од себеси.

Работете мудро и ефикасно!

Шарлин Лоби, уште едно влијателно име од сферата на човечките ресурси и основачка на блогот HR Bartender, има неколку силни пораки за оние кои се подготвени да одат чекор напред во својата кариера.

Жена

Дефинирајте кое е значењето на успехот

Бидете сигурни дека вашата дефиниција за успех е во рамки на вашите вредности и принципи. Сосема е во ред вашата дефиниција за успех да биде различна од онаа на другите и тоа не треба да ве загрижува. И токму поради таа причина, патеката која ја избираме за да стигнеме до успехот ќе биде поразлична од онаа на луѓето околу вас. И сосема е нормално да ја менуваме дефиницијата за успех како што растеме и прифаќаме промени додека се фокусираме на важни резултати.

Работете попаметно, а не подолго

За да добиеме успех, ни треба акција со силен ефект. Тоа не значи дека треба се откажете од приватниот живот или да работите повеќе од предвидените часови. Треба да научите како да работите ефикасно. Откријте што ви ја зголемува продуктивноста и која е средината во која ќе го извлечете максимумот од себе. Запрашајте се што ви ја одзема продуктивноста и едноставно оддалечете се од тоа.

Прославете го успехот, па вратете се на работа

Нема човек кој не сака признание за своите напори. На патот до целта, убаво е да си дадете признание себеси. Прославете ги малите победи кои водат до големата. Потоа продолжете да се движите понатаму, фокусирајќи се на работите кои се важни и скалило погоре кон вашиот кариерен успех.

Жена

Не заборавајте дека еден успех секогаш води кон друг. Останете посветени на идејата да бидете подобри од самите себе, а не подобри од другите. Фокусирајте се на унапредување на вашите вештини и знаење, тоа е она што никој не може да ви го одземе. И како што рекол кинескиот филозоф Лао Це, патувањето од илјада милји започнува со еден чекор. Направете го денес!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 13333 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.