Како помалку да ги мразите понеделниците?
Почетна » Кариера » На работното место » Како помалку да ги мразите понеделниците?

Како помалку да ги мразите понеделниците?

Ах, веќе е понеделник. Забавата и слободното време ви се ограничуваат, а работните обврски ви грабаат огромен дел од денот.

За жал, понеделникот секогаш доаѓа, не можете да избегате од него. Но, можете да ги промените своите чувства кон овој „омразен“ ден. Еве неколку предлози како да го засакате почетокот на работната седмица:

Жена
  1. Користете ги викендите максимално. Мала е веројатноста дека ќе имате одличен понеделник ако сте имале мизерен викенд. Колку и да сте амбициозни и посветени на кариерата, мора викендите да ги користите за максимално да уживате и да се релаксирате. Посетувајте нови и нови туристички места, испробувајте нови специјалитети, организирајте семејни и друштвени прослави без повод. Кога имате убави спомени во главата од викендот, ќе се чувствувате позадоволни од животот и ќе ги потиснете на дното негативните емоции кои се раѓаат од помислата на омразениот понеделник.
  2. Припремете си привлечна/нова модна комбинација. Изгледајте блескаво во понеделник и така и ќе се чувствувате. Припремете си модна комбинација во која се чувствувате комотно и модерно и самоуверено чекорете низ денот. Подгответе ја облеката во недела навечер за да го прескокнете утринското висење пред плакар со мислата „Што да облечам денес?“. Ако имате ново парче облека, резервирајте го за понеделник. Со нетрпение ќе чекате да видите какви ќе бидат реакциите на колешките.
  3. Понеделнички наместете го алармот половина час порано. Колку и да ве мрзи да станете од креветот, вложете напори во понеделник да станете порано. Ако не брзате при подготовките и пристигнете на работа некоја минута порано, ќе бидете порелаксирани во текот на целиот ден.
  4. Одете на фризер или на маникир токму во понеделник. Кога знаете дека на крајот на работниот ден ве очекува третман за разубавување, со поголема леснотија ќе минувате низ обврските. Друга позитивна страна на понеделничкото разубавување е што нема толку многу раздвиженост низ салоните за убавина, па ќе ви посветат повеќе време вам.
  5. Престанете да живеете за викендот. Сигурно сте прочитале куп статуси „Мразам понеделници“, „Едвај чекам да дојде петок“, „Јеее, викенд е“. Ваквиот начин на размислување ги засилува негативните емоции. Да, вистина е дека викендите се најзабавни, но никој не ве спречува да имате мини авантури и во текот на работната седмица. Сѐ зависи од вас и вашиот став.
  6. Помислете на невработените и бидете благодарни и среќни што имате работа. Размислете на следниов начин: Додека вие ги мразите понеделниците, многумина копнеат да имаат работа и да бидат на вашето место.
  7. Одолејте му на искушението да го преспиете викендот. Лесно е да потонете во креветот и да спиете 12 часа во сабота и недела, но така нема да го надоместите сонот кој ви го одзема работната седмица. Напротив, во понеделник на вашето тело ќе му биде тешко да се прилагоди на новиот распоред на спиење и станување. Потрудете се за време на викендот да се будите приближно во исто време како и во текот на работната седмица и ќе ја победите понеделничката мрзеливост.
  8. Сокријте си мало слатко изненадување. Секој петок оставајте си во фиоката од бирото по едно мало чоколадо или од омилените бонбони. Секој понеделник ќе ви се појавува насмевка на лицето кога ќе го здогледате малото изненадување.
  9. Правете го понеделничкиот распоред во петок, но не вметнувајте премногу обврски. Наместо да оставате дел од незавршените обврски за понеделник, завршете колку што е можно повеќе од нив во петок, а потоа испланирајте што мора да биде на дневен ред во понеделник.
  10. Купете карти за театар, концерт или кино за среда вечер. Луѓето се многу порасположени во четврток отколку во понеделник. Причината е очигледна – наближувањето на викендот и идејата за забавни активности ни ја зголемуваат радоста. За да го направите понеделникот поподнослив, купете си „карти за забава“ за среда. Кога знаете дека ве очекува нешто интересно за два дена, ќе бидете пооптимистички настроени и ќе го прескокнете „плукањето“ по понеделниците.
  11. Усреќете некој друг. Ветете си дека секој понеделник ќе правите барем по едно добро дело. Телефонски направете донација, почестете бездомник, купете му кафе на ваш драг колега, однесете колачи за колегите или опсипете ги со комплименти, пратете му многу мила порака на саканиот... Среќата се враќа, понекогаш двојно, понекогаш тројно.
  12. Гледајте на понеделникот како на шанса за нов почеток. Понеделниците се одлични за сонување и постигнување. Имате нова идеја или план како да подобрите нешто во својата работа? Сакате да започнете нова диета, затоа што бевте неуспешни во старата? Понеделниците ви нудат можност да започнете од почеток, да свртите нова страница од животот и да направите нешто кое одамна го посакувате. Можете да напишете едно цело ново поглавје од вашиот живот, започнувајќи во понеделник.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 45%
  • 34%
Се испраќа...

(Вкупно: 8170 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.