Првиот впечаток на интервју за работа
Почетна » Кариера » Барање работа » Првиот впечаток на интервју за работа

Првиот впечаток на интервју за работа

Сите кажуваме дека не треба да ги оценуваме луѓето според нивниот изглед. Но, вродена способност ни е да го правиме точно тоа. Сакале или не, на интервјуто за работа најважен е првиот впечаток.

За да оставите одличен впечаток како професионална личност, следете ги следните основни правила:

Бизнис жена
Секогаш изгледајте како сериозен кандидат на интервју за работа.
  1. Официјална бизнис облека. Секогаш за на интервју облекувајте се како сериозен професионалец, независно дали кандидирате за работа во силна бизнис компанија или за работа во лабораторија. Ако сте облечени поопуштено и обично, вашиот потенцијален работодавач може да ве оцени како недоволно заинтересирани. Ако не можете да се одлучите што да облечете, насочете се кон конзервативна облека. Така никогаш нема да погрешите.

    Убав костум или официјални панталони и кошула би биле идеални за овој повод. Можете да носите и суќна, но избегнувајте ги фустаните. Не носете премногу нападни бои. Не е важно колку пари ќе бидат вашите алишта, а важно е како ќе ги искомбинирате и како ќе се чувствувате во нив. Се разбира, облеката треба да е чиста и убаво испеглана.
  2. Добра лична хигиена. Не смеете да си дозволите да се појавите на интервју со мрсна коса или да имате остатоци од храна по забите. Многу важно е да имате свеж здив, но тоа не значи да џвакате мастика или бонбона додека трае интервјуто. Тоа се смета за непочитување.
  3. Нежна шминка. Кога треба да одите на интервју за работа, заборавете на силната шминка. Во овој случај важи правилото колку помалку - толку подобро. Користете пудра за да ги прикриете недостатоците на лицето, малку маскара и сјај за усни. Ако решите да користите сенки за очи, одберете сенки со природна боја. Не заборавајте да ги средите ноктите. За лакирање најдобро е да искористите проѕирен лак.
  4. Накит. Интервјуто за работа не е место каде што треба да го покажувате вашиот скап накит или да се украсувате со бижутерија. Најдобро е да не носите накит, освен се разбира – мали обетки.
  5. Внимавајте со парфемот. Кога се подготвувате за интервју, парфемот е нешто кое може да го заборавите. Секој човек е обожавател на различни ароми и ако сте силно парфимирани, може да не оставите добар впечаток. Ако сепак решите да искористите парфем – едно прскање е доволно.
  6. Прикријте ги тетоважите. Истакнувањето да тетоважи се толкува како несериозност. За да оставите добар впечаток на сериозна личност, со облеката сокријте ги тетоважите. Истото важи и за пирсот. Ако имате пирс, најдобро е да го извадите пред да отидете на интервју.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 67%
  • 14%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 3803 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.