Почетна » Кариера » Барање работа » Клучни квалитети кои секој работодавач сака да ги види на интервју за работа

Клучни квалитети кои секој работодавач сака да ги види на интервју за работа

За многу менаџери, личните квалитети имаат огромна тежина при изборот на вистинскиот кандидат за одредено работно место. Покрај совршеното CV, на многу работодавачи им е важно каква личност е кандидатот и што сè има да понуди ако застане на конкретната работна позиција.

Жена

Па, за да оставите силен прв впечаток, обидете се да ги покажете следниве квалитети:

  1. Точност. Во деловниот свет времето е пари. Доцнењето и одложувањето можат само да ѝ донесат загуба на компанијата, па тие се непосакувани. Никогаш не доцнете на интервју за работа. Точноста е првиот знак дека умеете навремено да се справувате со задачите. Секој работодавач сака покрај себе да има дисциплинирана и совесна личност.
  2. Самодоверба. Не е тешко да се препознае личноста која верува во себе. Исправете се и смирете го своето тело. Зборувајте убедливо за своите квалификации и вештини. На работодавачите им е многу полесно да веруваат во некого кој верува во себе. Сепак, внимавајте да не ја поминете тенката линија меѓу самоувереноста и арогантноста/препотентноста. Секој работодавач сака самоуверен вработен, но никој не сака вработен кој лета в облаци и мисли дека е над сите останати.
  3. Самоиницијативност и самомотивираност. Многу е важно да ја убедите личноста која ве интервјуира дека умеете да работите самостојно и да ги извршувате задачите, без некој постојано да ви дише во вратот. Во динамичната средина во која оперираат менаџерите, нема време за држење за раце и постојано делење на инструкции. Истакнете ги случаите кога сте работеле самостојно на проект или кога сте презеле иницијатива за реализирање на ваша идеја. Покажете не само дека имате идеи, туку и дека не се плашите да преземате чекори за да ги реализирате.
  4. Љубопитност. Важно е да покажете дека сте во тек со најновите настани и трендови во сферата во која функционира компанијата во која аплицирате, дека сте љубопитни и заинтересирани да учите. Поставувајте прашања.
  5. Флексибилност. Во динамичната ера во која живееме, флексибилноста е квалитет кој мора да го истакнете на интервју за работа. Зборувајте за ситуации од минатото кога успешно сте се адаптирале на промените.
  6. Претставителен изглед. Некои личности навистина ѝ судат на книгата по нејзината корица. Колку и да повторуваме дека изгледот не е сè, факт е дека тој може да го подобри или уништи првиот впечаток. Со помош на облеката можете да изгледате повозрасно или помладо, позрело и помудро. Сè е ментална игра со перцепцијата, па пред да одите на интервју, направете свое истражување како најдобро да играте.
  7. Енергичност. Високата енергија е јасен доказ дека можете да работите долго и напорно. Не, ова не значи дека треба да бидете хиперактивни за да го добиете работното место, но потребно е да покажете дека сте енергична личност која ќе направи сè за да успее. Енергијата е заразна и стимулирачка, па тоа е причината поради која енергичните личности се попривлечни кандидати.
  8. Амбициозност. Успешните луѓе сакаат покрај себе да имаат вработени кои ја делат нивната жед за успех. Со неколку реченици раскажете за вашите досегашни успеси и потенцирајте дека секогаш целите повисоко и повисоко.
  9. Ентузијазам. Колку и да сте изморени од одење на интервјуа, во моментот кога ќе се упатите на интервју, „наоружајте“ се со ентузијазам. Ентузијазмот кажува дека сте личност која ужива во она што го прави. Зборувајте со страст за својата професија и за потенцијалното работно место. Многу е важно личноста која ве интервјуира да добие впечаток дека верувате во мисијата на компанијата, бидејќи луѓето се склони да работат понапорно кога се чувствуваат поврзани со своето работно место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.