Цвета Динева советува: Свежа салата за здрав и среќен живот
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Цвета Динева советува: Свежа салата за здрав и среќен живот

Цвета Динева советува: Свежа салата за здрав и среќен живот

Цвета Динева

Замислете софра со секаков вид на преполни ордевери со месо, пити и секакви други зготвени јадења, а нема свежа салата - значи таа софра е некомплетна.

Разбудете ја трпезата со колоритот и прекрасната арома на СВЕЖИТЕ САЛАТИ.

Започнете со микс од зелени листести зеленчуци. Здравите салати се „градат“ на зелени „темели“. Измешајте марула, спанаќ, рукола, кељ и направете свеж микс од текстури и вкусови кој ќе може секојпат да биде надграден на различен начин. Листестите зеленчуци се нискокалорична храна.

Пример, во 100 грама спанаќ има само 24 калории, а со тоа ќе внесете 47% од дневните потреби на витамин Ц, кој заедно со фолната киселина ќе помогне да се усвои железото од спанаќот. Да не го заборавиме зелениот пигмент хлорофилот кој е клуч за добар хемоглобин и присуството на витамин А и витамин К.

Цвета Динева
ЗДРАВА ИСХРАНА подразбира секој ден СВЕЖА ХРАНА
Цвета

Внесете ги сите бои на виножитото. Колку поколоритно, толку похранливо. Секоја боја е слика на соодветен минерал, олицетворение на силни антиоксиданти. Додајте свежи зеленчуци во различни бои за да го намамите окото, а истовремено да ја покачите нутритивната вредност на свежата салата.

Портокаловата боја на морковот е бојата на антиоксидантот бета-каротен, црвената боја на доматите е од силниот антиоксидант ликопен, скриено е богатство од антиоксиданти во црвените и жолтите пиперки, виолетовата зелка и во брокулите. А сите тие изобилуваат и со најпопуларниот антиоксидант - витамин Ц. Мешавината на многу бои е знак дека внесувате најразлични хранливи материи.

Збогатете ја салатата со протеини и претворете ја во комплетен оброк. Салатата може да стане комплетен ручек или здрава вечера со додавање на храна богата со протеини како парчиња обескостено варено пилешко месо, филе од печена риба, риба од конзерва, авокадо, печурки, наут, грав и сл. Благодарение на протеините, ќе останете сити подолго време и ќе му помогнете на телото во стабилизирањето на шеќерот во крвта.

Направете си домашен прелив. Прескокнете ги готовите кремасти преливи кои понекогаш се и премногу калорични и за експресно кратко време направете си здрав домашен прелив. Во мала тегличка исцедете сок од еден лимон и додајте исто толку ладно цедено маслиново масло, половина лажичка мед и половина лажичка сенф. Ставете една лажичка Vegeta Natur за салата и добро промешајте. Така приготвениот прелив нутритивно ќе ја збогати свежата салата, а истовремено ќе уживате во нејзината арома и вкус.

Цвета Динева

Внесете омега 3,6,9 преку здрави сирови семиња и јатки. Независно дали ќе изберете сончоглед, семки од тиква, иситнети ореви, чиа, ленено семе или кикирики, вие навистина ќе ја разнообразите текстурата на салатата, ќе уживате во неа и најважно е што ќе му подарите енергија и здравје на вашето тело. На пример, лененото семе е одличен извор на омега-3 масни киселини, растителни влакна, витамин Б6, магнезиум, железо и калциум.

Со само една лажичка ленено семе (задолжително да биде свежо измелено за да може да се ресорбира), вие постепено ќе си ја избалансирате цревната флора која е стожер на нашето здравје, ќе го намалувате нивото на лош холестерол, а истовремено црниот дроб ќе ви биде благодарен бидејќи ќе ги нормализирате неговите ензими.

Зелена салата со варени кокошкини јајца или јајца од препелица (кои се вистинска нутритивна бомба) - комплетен здрав оброк кој му помага на телото во намалување на килограмите. Јајцата се одличен сојузник во борбата со вишокот килограми. Тие се богати со протеини, калиум, калциум, витамин А и витамин Д, а не се многу калорични. Всушност, едно големо јајце има само 78 калории, а 4 мали јајца препелица само 60 калории.

Додајте две варени кокошкини јајца (или 4-5 јајца препелица) во салатата и значително ќе се заситите без да внесувате многу калории. Не ги заборавајте и маслинките како задолжителни во сите салати и ќе добиете извор на здрави мононезаситени маснотии, а секако, дополнително ќе ја овкусат салатата.

Ви препорачувам секојдневно да се дружите со вака здраво приготвени салати и набргу ќе ги почувствувате благодетите по вашето здравје.

„Нека храната Ви биде лек, и лек нека Ви биде Вашата храна“ - Хипократ.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6130 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.