Храна за здрави очи
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Храна за здрави очи

Храна за здрави очи

Многу често луѓето го земаат видот здраво за готово, па започнуваат да мислат за здравјето на очите дури откако ќе започнат да имаат проблеми со него. Видот е екстремно важен. Благодарение на него успеваме да го перципираме светот околу нас и да се радуваме на убавините што ни ги нуди животот.

Жена и морковиМорковите се одлична храна за здрави очи и добар вид

Грижата за очите е комплексна, а еден дел од таа сложувалка е правилната исхрана. Храната може да ви помогне да ги заштитите очите од различните болести и да си го зачувате видот. Еве кои се најдобрите намирници за вашите очи:

  • Моркови. Се сеќавате кога вашата мајка постојано ви зборуваше колку се важни морковите за очите? Да, таа била во право. Морковите се најпопуларната храна за здрави очи. Тие изобилуваат со витамин А кој може да го спречи ноќното слепило и е неопходен за здравјето на очната ретина. Крцкавите моркови во себе содржат антиоксиданси, бета-каротен, ликопен и лутеин и поради тоа го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта (перде).
  • Лосос и сардини. Јадете почесто риба ако сакате да го зачувате добриот вид. Рибата е особено полезна за очите поради тоа што е богат извор на омега-3 масни киселини. Редовната консумација на омега-3 масни киселини ги заштитува малите крвни садови кои се наоѓаат во очите. Консумирајте риба како лосос, харинга или сардина барем 2 пати неделно.
  • Брокули. Нема човек до кој не допрела информацијата за тоа колку се здрави и корисни брокулите. Поради тоа, сигурно нема да ве изненади фактот дека брокулите се вбројуваат меѓу најчесто препорачуваните намирници за здрав вид. Тие се богат извор на антиоксиданси и витамини и се најлесен начин да примите толку многу хранливи материи со еден залак. Со консумирањето на брокули едновремено ќе внесете витамин А, витамин Е и витамин Ц кои заедно ќе се борат за зачувување на вашиот добар вид.
  • Спанаќ. Ова зелено растение содржи каротеноиди како бета-каротен, лутеин и зеаксантин, а плус и витамин Ц и витамин Е. Спанаќот неспорно помага во заштитата од макуларна дегенерација и ноќно слепило.
  • Јајца. Ова сигурно ќе ве изненади, но е вистина – јајцата го подобруваат здравјето на очите. Не е важно дали претпочитате кајгана или варени јајца, важно е да не ги исклучувате јајцата од исхраната. Витаминот А кој го има во јајцата го подобрува здравјето на ретината на окото. Освен тоа, јајцата содржат витамини од групата Б, есенцијални масни киселини и цинк. Затоа, често појадувајте јајца. Така ем ќе го подобрите вашиот вид, ем ќе ја зачувате линијата.
  • Бадеми. Крцкави и вкусни, бадемите се богати со витамин Е. Овој витамин го забавува развивањето на проблемите со видот кои се јавуваат како резултат на стареењето и може да ја спречи појавата на катаракта.
  • Јагоди, боровинки, малинки. Овие слатки мали овошја се неверојатен извор на антиоксиданси за кои истражувањата покажале дека го намалуваат ризикот од појава на очни болести. Тие содржат и многу витамин Ц и со тоа формираат идеална комбинација за одржување на здравјето на очите.

Друга храна којашто е полезна за вашите очи: тиква, домати, зелка, лук, млеко, авокадо, папаја, кајсии, лимони, портокали, темно чоколадо, остриги.

Сè што јадеме влијае на нашето тело. Дали ефектот од храната ќе биде позитивен или негативен зависи единствено од нас и од изборот што го правиме.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3623 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.