Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Простување – пат до телесна, емоционална и душевна благосостојба

Простување – пат до телесна, емоционална и душевна благосостојба

Страдање и простување

Сите сме го почуствувале јадот и горчината по примен збор на омраза, на навреда, на нехумана постапка, или пак душевната болка и страдање по преживеана сериозни траума со емоционално или физичко малтретирање. А дел од нас можеби пораснале во дом каде постоело семејно насилство или биле постојано омаловажени и критикувани. Секако тука е и болката по неверство.

Сите овие ситуации наметнуваат голем број прашања: Како понатаму низ животот и што е правилно? Дали да се прости? Дали да се заборави? Како да се надмине состојбата?

Дел од нас живеат со надеж дека ако се примерни и добри, прекорот, навредите или повредувањата ќе сопрат. Дел од нас горчината ја носат со себе и ја пренесуваат во поколенија, а има и такви кои имаат намери на одмазда.

Сепак важно е што вели науката кога се соочуваме со слични вакви страдања. Подолу одговорите на прашањата:

Дали лекот е во простувањето? Дали со овој чин ќе се намали болката, горчината, страдањето? Дали со актот на простување ќе си помогнеме себе си и ќе спречиме душевно и телесно страдање?

Жан Митрев

Психологијата како наука генерално го дефинира простувањето како свесна, намерна одлука за ослободување од чувствата на огорченост или одмазда кон личност или група која наштетила, без оглед на тоа дали тие навистина го заслужуваат простувањето.

Меѓутоа, исто толку важно при дефинирање на простувањето, е и да се разбере што не е простување. Експертите кои го изучуваат простувањето јасно кажуваат дека со актот на простување, не се омаловажува или негира сериозноста на навреда/повредата. Простувањето не значи заборавање, ниту пак одобрување или оправдување на навредите/повредата. Иако простувањето може да помогне да се поправи нарушената врска, тоа не не обврзува да се смириме со лицето кое ни наштетило или да го ослободиме од правна одговорност.

Наместо тоа, простувањето му носи мир на оној кој простува и го ослободува од гневот кој постои и ограничува како таков.

Иако постои одредена дебата за тоа дали вистинското простување бара позитивни чувства кон сторителот, експертите се согласуваат дека тоа барем вклучува ослободување од длабоко втиснати негативни чувства присутни во нас. На тој начин, овозможува препознавање на болката што се трпи, нејзино надминување, заздравување и продолжување со животот.

Преку актот на простување успеваме да ги подобриме и останатите односи со околината, да го подобриме сопственото телесно здравје, преку намалување на стресот, вознемиреноста, непријателството. На овој начин се спречува нарушување на душевното здравје и се превенира развој на депресија, а кај личноста се зголемува самодовербата. Се разбира постојат и генерални придобивки и кон телесното здравје, што би значело подобра срцева функција, силен имунолошки систем.

Жан Митрев

Простување како напор за подобрување и надминување на состојбата

Првата стратегија за простување е ослободување на оние кои ни згрешиле. Тоа е процес кој започнува по нивното каење и поправање во однесувањето. Се решаваме да простиме како одговор на напорите на сторителот кои се едновремено и внатрешни- кога сторителот чувствува каење и надворешни – кога сторителот го изразува тоа каење и се обидува да го поправи погрешното преку збор или постапка.

На овоj начин ние не го забораваме стореното, туку простуваме за да соработуваме повторно. Така постоиме во сегашниот момент, а не во минатото сакајќи животот конструктивно да оди напред. Ова е веројатно најлесниот пат на простување, но важно е да знаеме дека се случува само ако оние кои нè повредиле ни покажат значаен обид за корегирање (поправање). Сепак, надвор од наша контрола е да стимулираме почеток на процесот.

Простување за добра лична благосостојба

Современата психологија образложува дека преку простувањето треба да дадеме придонес кон личната благосостојба која е важен чекор за целокупното здравје и душевниот мир.

Истото се постигнува по одредено согледување на личното незадоволство, болка, гнев и реперкусии кои биле предизвикани од овие непријатни спомени и чувства. Простуваме ослободувајќи се од овие непријатни емоции со цел надминување на личната/внатрешна состојба. Овој вид на простување не опфаќа задолжително простување со сторителот.

Како можеме да ја усовршиме оваа способност?

Како пример може да послужат техниките на театарските професионалци. Тие применуваат активности при кои актерите се учат на „инстант простување“. Засновани се на следното: кога некој ќе згреши дел од текстот на сцена, а треба да остане во сегашниот момент, односно да продолжи со играње на сцената со партнерот – актер, тие не се фокусираат на грешката, туку го продолжуваат настапот на сцена. Техниката е: Настаните попримиле погрешен тек, се согледала грешката, истата се прифатила и се продолжува натаму.

Жан Митрев

Самопростување

Кога зборуваме за простување, мора да го имаме на ум и самопростувањето. Тоа е битно бидејќи, најчесто кога размислуваме за простување, обично простувањето го обликуваме како нешто што им го даваме на другите, а ретко размислуваме за тоа дека треба да си го овозможиме и себеси. Притоа се служиме со личните убедување или уверувања дека го почитуваме „вистинско јас“. Тоа всушност би опфатило и процес на себепростување за простување на туѓите постапки.

Иако веруваме дека повеќето од нашите особини се непроменливи и строго се осудуваме за нашите пропусти, науката дошла до сознание дека лицата кои имаат стрго утврдени правила се поподложни на навреди и потешко простуваат. За разлика од оние лица кои имаат отворен ум. Тие се поасертивни по природа и многу помалку замеруваат.

Од сето погоре наведено, може да заклучиме дека ако сакаме да си овозможиме значајна лична промена, треба да го прифатиме пронаоѓањето на нови начини да го опишеме нашето минато и себе си. Да си дозволиме да ѕирнеме во себе, зошто со тоа ќе овозможиме лична промена, која би ни била од корист во сегашноста.

Простување и обновување на релацијата

Клучното е: враќање на врската на ниво на кое била пред навредливиот инцидент. Како да стигнеме до таму? Пресудни особини се емпатијата и разбирањето, односно прифаќање дека човечката слабост може да се прости. За да може да сочувствуваме потребно е да се осмелиме да го разбереме лицето и неговата/нејзината мотивација. Тогаш е поголема веројатноста да простиме.

Како да се одлучите дека треба да пристапите кон простување?

Простувањето е процес. Започнува со желба за промена. Кон истото може да придонесе:

  • Препознавањето на вредноста на простувањето и како тоа може да го подобри живот,
  • Спознавањето кому треба да простите,
  • Именувањето на емоциите од нанесената штета и како тие емоции влијаат на личното однесување. Сето ова со цел да се направи обид за ослободување од истите;
  • Донесување одлука за простување на личноста која ја нанела навредата,
  • Согледувањето и потоа ослободувањето од контролата и моќта што ги имала личноста која ја нанела навредата во дадената ситуацијата.

Што доколку се соочувате со потешкотија во донесување на одлука да простите?

Повремено се случува да не можеме да простиме. Најчесто тоа се состојби кога спротивната страна не признава дека згрешила. Што во такви моменти?

  • Потребно е да ја разгледаме ситуацијата од гледна точка на другата личност,
  • Запрашајте се за околностите кои можеби ја навеле другата личност да се однесува на таков начин. Можеби и вие ќе реагиравте слично доколку се соочите со истата ситуација,
  • Размислете за ситуации кога ви било простено.

Што доколку вам треба да ви простат?

Во основа потребно е да се анализира ситуацијата, да се увиди грешката и како сето тоа влијаело врз останатите. Притоа битно е кон себе да се настапи со грижа, односно да не се осудувате прекумерно.

Доколку навистина жалите за вашите постапки и сакате прошка, потребно е искрено да се обратите кон лицата кон кои се имате огрешено, да соопштите дека чувствувате искрена тага и жалење и да побарате прошка без изговор.

Треба да се има на ум дека не можеме да ги присилиме луѓето да ни простат. Простувањето е процес. На другите лица може ќе им биде потребно време за да простат. Затоа она што треба да направиме е да пристапиме со сочувство, емпатија и почит.

Доколку имате потреба за психијатриско советување во процесот на простување, можете да закажете психијатриско советување со д-р Марија Костадиновска, психијатар, на контакт телефон 02/3091484.

Медицина

Д-р Марија Костадиновска
Специјалист психијатар
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 7978 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.