Планинарката Ирина Дишовска има идеален предлог за протеински оброк за авантуристи
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Планинарката Ирина Дишовска има идеален предлог за протеински оброк за авантуристи

Планинарката Ирина Дишовска има идеален предлог за протеински оброк за авантуристи

Инспиративна авантуристка со нескротлива желба за освојување на нови и нови планински врвови. Неуморна девојка која прифаќа физички и психички предизвици кои на многумина би им ја смрзнале крвта. Незапирлива спортистка желна за адреналински искачувања, подготвена да го потроши и последниот атом енергија за да стигне до зацртаниот врв. Тоа е Ирина Дишовска, македонската планинарка со чии успеси се гордееме.

А за континуирано да ги следи своите соништа, како искачување на „хималајскиот монструм“ Ама Даблам, таа е силно посветена на напорни подготовки кои вклучуваат секојдневни тренинзи и храна која брзо ќе ги надоместува протеините, витамините и минералите кои ги троши при нејзините интензивни активности.

Кога е во потрага по супер хранлив и практичен оброк пребогат со протеини, едноставно посегнува по конзерва сардини. За само секунди, без труд внесува доволно протеини за да се засити, да му асистира на телото да функционира оптимално и визуелно да остане во најдобра верзија.

Освојувачката на наградата Златна Олимпија за „Најдобар спортски подвиг за 2021 година“ е фан на Eva сардините, кои ги користи како „енергичен и протеински бустер“:

Видео:

Но, зошто протеините се толку популарни и посакувани од активните личности, колку треба да внесуваме, кои се бенефициите и зошто треба да ги преферираме токму сардините како протеински извор? Дознајте во продолжение:

Колку протеини е препорачливо да внесувате дневно?

Сите знаеме дека протеините се суштински важни за добро здравје, одржување на енергијата и негување на привлечна фигура, но честопати има забуни околу тоа колку протеини ни се потребни.

Препораките се да се внесува по 0,8 грама протеини на секој килограм телесна тежина, т.е. возрасна личност од 60 килограми би требало да консумира минимум по 48 грама протеини секој ден.

Одредени групи, во кои спаѓаат спортистите и бодибилдерите, внесуваат многу повеќе протеини од препорачаното со цел да градат мускулна маса.

7 важни бенефиции од протеините

Полесно контролирање на тежината и апетитот. Храната богата со протеини повеќе заситува и го снижува нивото на грелин, хормонот на глад.

Зголемување на мускулната маса и силата. Протеините не само што се неопходни за градење на мускули, туку и помагаат за да се одржи мускулната маса со текот на стареењето.

Забрзан метаболизам. Храната богата со протеини помага за забрзување на базалниот метаболизам и за поефикасно согорување на калории.

Правилен развој и раст кај децата. Протеините учествуваат во обновувањето на ткивата на мускулите, кожата, органите, крвта, косата и ноктите, па се незаменливи за време на интензивниот детски раст.

Посилен имунитет. Протеините помагаат во создавањето на антитела кои се борат со инфекции и болести, а и помагаат во одржувањето на здрави клетки и во формирањето на нови.

Повеќе енергија. Протеините имаат значајна улога во процесите кои ни ја даваат енергијата и го распространуваат кислородот низ целото тело.

Здрава коса. Истражувањата покажуваат дека протеините се многу важни за одржување на здрава коса и заштита од оштетувања. Многу козметички производи за коса како регенератори вклучуваат протеини.

Сардини

Зошто токму сардини како здрав извор на протеини?

Во само 100 грама Eva сардини има 18 грама протеини, а НЕМА јаглехидрати

Сардините доживуваат сè поголема популарност, бидејќи сè повеќе лица се информираат за придобивките и им го даваат вниманието кое го заслужуваат. Ретко која храна е толку хранлива, а ни дава толку многу протеини, како малите рипчиња кои најчесто доаѓаат до нас збиени во конзерва.

Во само 100 грама Eva сардини има 18 грама протеини, што е фантастична цифра, а буквално има НУЛА јаглехидрати. Тоа ги прави идеални за сите кои практикуваат медитеранска или кето диета, за спортистите и сите кои се посветени да ги одржат фигурата и здравјето во врвна форма.

Но, предностите на сардините не завршуваат тука. Бидејќи не растат големи и брзо созреваат, тие содржат многу малку жива и токсини, за разлика од нивните поголеми роднини како лососот и туната.

Поради ниското ниво на жива, сардините силно се препорачуваат и во балансираната исхрана на бремените жени.

Анкета

Анкета
Колку често купувате онлајн?
  • 37%
  • 30%
  • 17%
  • 16%
Се испраќа...

(Вкупно: 1927 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.