Периодов треба да инвестирате во сауна за да уживате во зимските денови во домот или викендицата
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Периодов треба да инвестирате во сауна за да уживате во зимските денови во домот или викендицата

Периодов треба да инвестирате во сауна за да уживате во зимските денови во домот или викендицата

Потребен е мал простор, а придобивките врз здравјето се огромни!

Успешните луѓе со време ги планираат своите активности. Ги карактеризира организираност, концентарција но и амбиција да направат нешто повеќе за себе, и за најблиските. Но, истовремено знаат дека по напорната работа, им е потребен издувен вентил, или можност да се опуштат и релаксираат. За повеќето од нив Сауна во домот е вистинската инвестиција за да се има балансиран живот.А за оние кои имаат викендици во Маврово, Шапка, Берово, Охрид или на друга локација, сауната би била дополнителен мотив почесто да ги посетуваат.

Сауна

Тие се свесни дека и покрај тоа што повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, за нив сауната со своите бројни позитивни ефекти врз здравјето е пред се потреба. Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложеност на стрес и притисоци. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.

Сауна

Во услови кога времето е најголемиот ресурс, не секогаш можеме да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување. Зошто да не си овозможиме секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.

Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства

Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

Сауна

На следниов линк http://pirinexport.mk/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа. Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба не чини многу, а задоволството е непроценливо. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали се согласувате со одлуката наставата да започне со физичко присуство?
  • 75%
  • 25%
Се испраќа...

(Вкупно: 4033 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.