КОВИД-19 се пренесува преку комарци и преку вода: 10 погрешни тврдења за коронавирусот
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » КОВИД-19 се пренесува преку комарци и преку вода: 10 погрешни тврдења за коронавирусот

КОВИД-19 се пренесува преку комарци и преку вода: 10 погрешни тврдења за коронавирусот

Преплавени сме со информации за трансмисијата на новиот коронавирус SARS-CoV-2. Но, додека некои од нив се вистинити и ни помагаат да се заштитиме, други се сосема неточни и ни создаваат паника, стрес и анксиозност.

Еве некои популарни верувања меѓу луѓето за кои научниците и експертите тврдат дека се погрешни:

КОВИД-19

МИТ: Јадењето лук може да ја спречи трансмисијата на КОВИД-19

Лукот има антивирусни и антибактериски својства, но не постои доказ дека може да нè заштити од КОВИД-19.

МИТ: Редовното правење гаргара со солена вода може да го спречи преносот на коронавирусот

Точно е дека вирусите умираат во солена вода и овој метод може да ви помогне при црвено и болно грло причинето од вирусна инфекција. Но, плакнењето со солена вода не може да заштити никој кој е изложен на новиот коронавирус.

МИТ: Пиењето топла вода и сончањето го спречуваат преносот на вирусот

Не, сончевите зраци, консумирањето топла вода, бањањето со жешка вода и слично не може да нè заштитат од КОВИД-19. Сончањето може да има други придобивки за здравјето. На пример, сончевата светлина ни помага да добиеме витамин Д, кој ни го подобрува имунитетот. Но, преголемата изложеност на сончевите зраци може да доведе до сончаница.

МИТ: Комарците може да пренесат КОВИД-19

Не постојат докази дека новиот коронавирус може да се шири преку комарците. Вирусот може да се пренесе преку капките кои излегуваат од нашата уста кога кашламе или киваме.

КОВИД-19

МИТ: Пиењето ракија/ алкохол може да нè заштити од КОВИД-19

Консумирањето на пиво, ракија, вино или кој и да е друг алкохолен пијалак не може да ве заштити од новиот коронавирус. Всушност, пиењето алкохол ја зголемува желбата на луѓето за дружби, што води до нарушување на социјалната дистанца и лоша хигиена на рацете, со што се зголемува ризикот за пренос на инфекцијата.

МИТ: Прскањето алкохол и хлор на целото тело може да го уништи новиот коронавирус

Оваа стратегија не само што не може да ги уништи вирусите кои веќе навлегле во телото, туку и може да ви ја уништи и кожата и облеката и слузницата. Алкохолот и хлорот може да се користат за дезинфекција на површини, но според препораките за употреба.

МИТ: Чевлите можат да го пренесат новиот коронавирус

Веројатноста да се инфицирате со КОВИД-19 од вашите обувки е многу, многу, мала. Сепак, ако имате мали деца или миленици дома, добро е да ги соблекувате чевлите пред влезната врата за да го спречите нивниот контакт со нечистотијата.

МИТ: Ако влезам во базен, можам да заразам и други луѓе преку водата

„Водата не може да пренесе КОВИД-19. Пиењето вода не може да го пренесе вирусот. Ако пливате во базен, не можете да го префатите КОВИД-19 преку водата. Но, она што може да се случи ако пливате во базен во кој има многу луѓе е да дојдете во близок контакт со заразена личност и вие да се заразите. Поради тоа, дури и во базен, важно е да се одржува физичка дистанца“ – вели експертот Силви Брајанд.

КОВИД-19

МИТ: Трансмисијата на КОВИД-19 зависи од временските услови

Новиот коронавирус може да се пренесе во секаква клима. „Она што го гледаме досега е дека некои земји со топла клима имаат голем број на случаи, но слично е кај земји со ладна клима. Времето не влијае значително на трансмисијата на КОВИД-19. Но, она што сега го знаеме е дека има специфични околности кои влијаат на трансмисијата на болеста. На пример, ако сте долго време меѓу многу луѓе во затворено место со ограничена вентилација, постои поголем ризик за трансмисија на КОВИД-19. Понекогаш ова се случува во зима. Поради тоа што надвор е ладно, луѓето остануваат внатре, во места кои имаат мала вентилација, кои се затворени и во кои понекогаш има многу луѓе“ – вели експертот Силви Брајанд.

МИТ: Домашните миленици може да го пренесат новиот коронавирус

Не постои доказ кој наведува на фактот дека милениците се преносители на КОВИД-19.

КОВИД-19

МИТ: Превентивното пиење антибиотици помага за заштита од коронавирусот

Погрешно! Антибиотиците ги уништуваат бактериите, но не и вирусите. Сепак, на некои пациенти им се препишува антибиотска терапија затоа што покрај вирусната, развиваат и бактериска инфекција.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.