Зошто плачеме: вистината зад солзите
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Зошто плачеме: вистината зад солзите

Зошто плачеме: вистината зад солзите

Плачењето е различно доживување за секој човек. Некои луѓе може да се разнежнат и од најмали нешта, а други пак се ладни како камен дури и во најтажните ситуации.

Сте се запрашале ли зошто плачеме, зошто некои тврдат дека плачењето е корисно или кој плаче повеќе – мажите или жените? Еве ги одговорите на тие интересни прашања.

Жена што плачеЖените во просек плачат 64 пати годишно, а мажите 17 пати.

Зошто плачеме?

Плачењето е прва форма на комуникација. За време на првите месеци од животот, бебињата не испуштаат емоционални солзи. Тие плачат затоа што тоа е единствениот начин на кој што можат да покажат дека се беспомошни и дека им е потребна грижа од некого.

Плачењето е израз на силна емоција. Преку солзите луѓето ги искажуваат најсилните емоции, без разлика дали се добри или лоши. Плачењето може да биде предизвикано од тага, болка, лутина, но и од среќа или возбуда.

Плачењето е начин да се добие нешто. Некои луѓе плачат за да привлечат внимание кон себе. Други пак плачат за да го постигнат она што го сакаат. Истражување на Тексашкиот универзитет во Арлингтон покажало дека жените кои што плачат за време на расправија со својот партнер, имаат поголеми шанси да го решат конфликтот. Од друга страна, во расправиите во кои жената не плаче, конфликтот најчесто ескалира.

Плачењето ги продлабочува врските помеѓу луѓето. Луѓето имаат потреба да добиваат поддршка од другите. Гореспоменатото истражување покажало дека жените откако ќе изгледаат видео во кое е прикажана друга жена што плаче, започнуваат да чувствуваат емоционална блискост со таа жена.

Хемијата зад солзите

Очите произведуваат различни солзи. Постојат три вида:

  • Постојани или базални солзи. Се создаваат за да ја зачуваат влажноста на очите. Со секое трепкање, очните капаци разнесуваат солзи насекаде врз очите.
  • Рефлексни солзи. Се создаваат како реакција на иритација или поради присуството на туѓо тело.
  • Емоционални солзи. Се произведуваат како резултат на различни емоции – тага, болка, среќа, лутина, фрустрација и сл.

Научниците го имаат анализирано составот на различните солзи и имаат донесено заклучок дека емоционалните солзи имаат различен состав од солзите предизвикани поради иритација или лубрикација.

Емоционалните солзи содржат ензими, имуноглобини и протеини какви што не се среќаваат во другите видови солзи.

Постои теорија дека плачењето е начин за ослободување од токсините кои што ги создаваат хормоните на стресот, па поради тоа се смета дека е корисно за здравјето.

Кој плаче повеќе?

На ова прашање секој без двоумење ќе одговори дека жените се поголеми плачки од мажите. И донекаде ќе биде во право.

Додека не започнат да одат на училиште, момчињата и девојчињата плачат подеднакво често. Но, како што поминува времето момчињата започнуваат да плачат поретко. Сè уште не се знае дали тоа е предизвикано од притисокот на општеството кон момчињата да ги кријат своите солзи или поради хормоните во пубертетот кои ги прават девојчињата посклони кон ронење на солзи.

Жените во просек плачат 64 пати годишно, а мажите 17 пати. Ако прашате некој маж кога последен пат плачел пред некого, ќе му биде потребно многу време пред да се сети. За жените не важи тоа.

Научниците веруваат дека една од причините што жените плачат почесто е хормонот пролактин, чие ниво се зголемува во женското тело за време на пубертет, менструација, бременост и доење. Жените имаат 60% повеќе пролактин во своето тело од мажите.

Интересното е што колку што стареат, жените започнуваат да плачат поретко, а мажите почесто. За таа промена повторно се виновни хормоните. Со текот на времето кај жените се намалува присуството на женски хормони, а се зголемува концентрацијата на машкиот хормон тестостерон. Поради тоа тие почесто се лутат, но поретко плачат.

Обратно, кај мажите се намалува присуството на тестостерон, па затоа тие поретко се лутат и почесто плачат.

Зошто плачењето е корисно?

Откако ќе ги покажат своите емоции преку плачењето, најголем дел од луѓето се чувствуваат порелаксирани. Скоро 90% од „плачковците“ се чувствуваат подобро и се посреќни откако ќе ги пуштат солзите да потечат.

После плачење дишењето и ритамот на срцето се забавуваат, потењето се намалува и настапува период на релаксација што трае подолго отколку самото плачење. Поради тоа, некои луѓе подобро се сеќаваат на релаксацијата, одошто на самото плачење.

Истражувањата покажале дека луѓето што плачат како резултат на стрес, болка или друга силна емоција, генерално се поздрави од оние што не плачат.

Општо познато е дека задржувањето на емоциите води до зголемување на нивото на стрес, а тоа може да придонесе за појава на главоболка, депресија, срцеви заболувања и многу други болести. Може да се каже дека плачењето е еден начин на телото да се бори против стресот.

Па затоа, наредниот пат кога ќе почувствувате дека солзите навираат во вашите очи, не плашете се да ги пуштите да потечат.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9618 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.