Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Зацврстете ги коските

Зацврстете ги коските

На сите ни е познато дека калциумот е моќно оружје кога станува збор за зацврстување на коските. Навистина, овој минерал помага многу, но научниците постојано откриваат нови начини кои би ни помогнале за да ги одржуваме коските цврсти и здрави.

Лосос
Лососот е одличен извор на витамин Д, кој ја помага апсорпцијата на калциум од телото.

Витамин Д

Коските не можат да го апсорбираат калциумот без присуството на витаминот Д. Истражување спроведено со учеството на над 16 000 жени, покажува дека оние жени кои консумираат 500 IU (12.5µg) витамин Д дневно, го намалуваат ризикот од скршеници на колковите со 40%.

Извори на витамин Д:

100g лосос = 360 IU (9µg)

50g сардини = 250 IU (6.2µg)

115g морски ракчиња = 172 IU (4.3µg)

Витамин К

Витаминот К не е многу популарен витамин, но тој е одличен за коските, затоа што им помага на протеините, кои ги формираат коските, правилно да функционираат. Луѓето кои земаат 250µg витамин К дневно, се изложени на помал ризик од скршеници на коските, од луѓето кои консумираат 55µg. Најдобро е да примате од 90 до 120µg витамин К дневно.

Извори на витамин К:

1 чаша брокули = 547µg

1 чаша спанаќ = 120µg

Калиум

Калиумот ги неутрализира киселините кои го апсорбираат калциумот од телото. Поради тоа не го изоставајте овој минерал. Препорачаните дневни потреби за калиум за возрасни се 4700mg. Потрудете се да ги внесувате преку исхраната.

Извори на калиум:

1 банана = 422g

1 авокадо (85g) = 540mg

Суви смокви (76g) = 542mg

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.