Секоја жена којашто не е бремена или во менопауза, минува низ менструален циклус што завршува со менструација. Како што е случај и со многу други појави, така и со менструацијата, луѓето со текот на годините пренесуваат од колено на колено многу тврдења кои се сметаат за вистинити, а не се.
Aко имате незаштитен секс за време на менструација, може да останете бремена
Еве кои се најчестите митови поврзани со менструацијата и вистината што се крие зад секој од нив.
Ова е најверојатно еден од најраспространетите митови. Иако шансите за тоа се многу мали, сепак можете да останете бремена ако имате незаштитен секс за време на менструација. Теоретски не постојат безбедни денови во кои можете да бидете сигурни дека ќе избегнете бременост. Спремата може да живее во женското тело и до една седмица, па ако имате рана овулација, ништо нема да ѝ попречи на спермата да стигне до вашата јајце-клетка.
Времетраењето на менструалниот циклус кај секоја жена е различно. Во просек се смета дека трае 28 дена, но некои жени имаат пократок, а некои подолг менструален циклус, којшто може да варира од 24 до 36 дена. Овој мит придонесува многу жени да сметаат дека им доцни менструацијата, затоа што очекуваат да им дојде на 28-миот ден. Ако редовно водите евиденција за вашиот циклус, подобро ќе можете да го разберете и точно ќе знаете дали ви доцни или не.
Да, стресот влијае врз менструацијата, затоа што може да ја одложи овулацијата. Но, откако ќе созрее јајце-клетката, т.е. ќе настапи овулација, времето кое ќе измине до појавата на менструација многу малку варира од еден циклус до друг. Со други зборови, многу е поголема веројатноста вашата менструација да биде одложена поради стрес во почетокот на циклусот, отколку кон крајот.
Менструацијата не треба да ви попречува во извршувањето на вашите секојдневни активности. Доколку немате силни болки и сакате да пливате – само напред. Употребата на тампони денес им овозможува на многу жени да се чувствуваат безгрижно за време на „оној период од месецот“.
Можете да користите тампон, без разлика дали до тој момент сте имале секс или не. Сè додека ги поставувате правилно и ги менувате редовно, не постои причина зошто да не ги употребувате. Пред употреба, не заборавајте да го прочитате упатството.
Иако изгледа дека со менструацијата се губи крв, во просек една жена губи само 4-12 кафени лажички крв. Се разбира, оваа количина варира кај различните жени. Ако сметате дека вашата менструација е многу обилна, консултирајте се со гинеколог.
Доколку вие и вашиот партнер немате проблеми со крварењето и се чувствувате комотно, нема никаква причина да немате секс за време на менструација. Всушност, оргазмот може да ви помогне да ги намалите болките при менструација. Но, внимавајте на хигиената, затоа што жените се посклони кон инфекции за време на менструацијата.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (6)
* Просечно се губи околу 50-80 мл. крв
*Сексот за време на менструацијата не е здрав, бидејќи цервикалниот канал кај жената е отворен (бидејќи се исфрла менструалната содржина) и ризикот за инфекции е поголем.
Поздравче :)
Иначе, sarasweet, јас познавам најмалку три жени кои останаа бремени за време на менструација :)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.