Вагинален исцедок: Сè што треба да знаете
Почетна » Здравје » Интимно » Вагинален исцедок: Сè што треба да знаете

Вагинален исцедок: Сè што треба да знаете

Вагиналниот исцедок е еден од најчестите гинеколошки симптоми. Овој проблем жените го доживуваат исклучиво субјективно – на некои жени и мало количество на вагинален исцедок им предизвикува нелагодност, други пак и покрај изобилноста на исцедокот, не чувствуваат непријатност. Токму поради оваа субјективност, се отежнува детектирањето дали навистина е присутен здравствен проблем или не.

Интимно

Кои се причините за појава на вагинален исцедок?

Појавата на вагиналниот исцедок може да е резултат на нормален, физиолошки процес во организмот или на некоја абнормална, патолошка состојба.

Нормален вагинален исцедок

Физиолошките промени кои се случуваат во текот на менструалниот циклус, влијаат врз создавањето на секреција во цервиксот и вагината, односно врз создавањето на вагинален исцедок.

Како резултат на зголемување на нивото на естрогени, жлездите од цервиксот зголемено лачат секрет, особено во периодот пред овулација, што резултира со назначен вагинален исцедок кој е проѕирен и „растеглив“. По овулацијата, вагиналниот исцедок станува полеплив и матен, а количеството се намалува. Покрај нормалните промени во менструалниот циклус, вагиналниот исцедок физиолошки може да се јави за време на пубертет, бременост, менопауза и при сексуална активност.

Патолошки вагинален исцедок

Причините за појава на абнормален вагинален исцедок може да бидат од инфективна и неинфективна природа. Вагинален исцедок од неинфективна природа може да се јави поради присуство на страно тело (заборавен тампон), употреба на парфемизирани, несоодветни гелови за интимна негa, ерозии на гениталиите, цервикален или ендометријален карцином.

Вагиналниот исцедок може да биде резултат и на генитални инфекции (Candida albicans, Neisseria gonorrhoeae, Trichomonas vaginalis, Chlamydia trachomatis, Herpes simplex virus итн.).

Табела за ориентациона проверка

Изглед на вагиналниот исцедок Што може да биде? Дополнителни симптоми
Беличест или жолтеникав со непријатен мирис Бактериска вагиноза Чешање, печење, оток и црвенило на вулвата и вагината
Густ и бел Габична вагиноза (Вагинална инфекција со Candida albicans) Чешање и печење, дизурија (болно и отежнато мокрење), болка при сексуален однос.
Розов Лохија (Вагинален исцедок во постпородилен период) /
Сиво-беличест, жолтеникав или жолто-зелен. Често со лош, непријатен мирис. Вагинална инфекција со Trichomonas vaginalis Чешање и печење, дизурија, поретко болка во долен дел на стомакот.
Бело-жолтеникав или жолто-зелен Гонореја Често мокрење и дизурија, интерменструално крварење, болки во долниот дел од стомакот.
Крвав, темнокафеав (вон менструален циклус) Нарушување во менструалниот циклус, поретко цервикален или ендометријален карцином Болка во долниот дел од стомакот

Дијагноза

Интимно

За да се постави точна дијагноза, треба да се земе добра анамнеза и да се направи детален физикален преглед. Може да се направат и дополнителни лабораториски и микробиолошки испитувања. Затоа, доколку имате абнормален вагинален исцедок, консултирајте го вашиот гинеколог.

Третман

По поставување на дијагнозата, во зависност од причината, се ординира соодветна терапија.

  • Гонореја. Третманот како и кај секое друго бактериско заболување е антибиотски. Најчесто се препорачуваат цефалоспорински антибиотици.
  • Инфекција на вагината предизвикана од Trichomonas vaginalis. Може да се користи Metronidazole (Flagyl) или Tinidazole.
  • Бактериска вагиноза. Се совeтува Metronidazole (Flagyl).
  • Инфекција на вагината предизвикана од Candida albicans. Терапијата може да биде орална (Fluconazole) или локална (најчесто се употребуваат Clotrimasole, Terconazole, Miconazole, Nystatin и др.)

Што можете да преземете доколку имате абнормален исцедок?

Доколку имате абнормален вагинален исцедок, прво што треба да направите е да го консултирате вашиот гинеколог. Но, следните совети може да ви помогнат побрзо да се ослободите од непријатниот проблем:

  • Одржувајте добра интимна хигиена со топла вода. Доколку сакате да користите сапун, одлучете се за средство посебно наменето за интимна нега;
  • Носете килоти кои се од 100% памук;
  • По одење во тоалет, секогаш бришете се со потези во правец од вагината кон анусот. На тој начин ќе спречите ширење на бактериите од анусот кон вагината;
  • НЕ користете средства за хигиена кои се со интензивен мирис и кои не се наменети за интимна нега;
  • Избегнувајте миризливи купки.
Медицина

Д-р Марија Михајловска
Доктор по медицина

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6031 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?