Почетна » Здравје » Заболувања » Рак на дојка

Рак на дојка

Што претставува?

Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените, но се појавува и кај мажите. Според American Cancer Society, за 2009г., во Америка се откриени 192 370 нови случаи, а
40 170 жени ја изгубиле битката со оваа болест.

Рак на дојка
Почетната фаза на ракот на дојката може да се излекува кај повеќе од 95% од заболените, затоа раното дијагностицирање е многу важно.

Во нашата земја секоја година се дијагностицираат повеќе од 750 случаи на рак на дојка, најчесто кај жени кои спаѓаат во возрасната група од 45 до 49 години и од 55 до 59 години.

Денес постојат најразлични кампањи за подигање на свеста кај жените за овој проблем, затоа што раното дијагностицирање значи многу. Почетната фаза на ракот на дојката може да се излекува кај повеќе од 95% од заболените.

Симптоми

Некои од симптомите и знаците кои укажуваат на рак на дојката се:

  • Болна или безболна грутка во градите;
  • Промена на големината и формата на брадавиците;
  • Промени на кожата на градите;
  • Секреција на брадавицата (серозна, гнојна, млечна и крвава).

Исто така можат да се појават системски симптоми (поради присуството на метастази) како: повраќање, гадење, болки во коските, отоци, општа слабост и малаксаност.

Ако забележите грутка во градите или некоја друга промена, веднаш одете на консултации со доктор.

Причини и ризични фактори

Исто како и за другите видови рак, сè уште не се познати точните причини за појавата на ракот на дојка. Сепак, постојат одредени ризични групи луѓе кои се изложени на поголем ризик од оваа болест.

  • Полот. Жените се изложени на поголем ризик од рак на дојка, отколку мажите. Само 1% од случаите на рак на дојка се сврзуваат со машкиот пол.
  • Возраста. Ризикот од заболување со рак на дојка се зголемува како што се зголемува возраста. Жените повозрасни од 60 години се изложени на поголем ризик, отколку младите жени.
  • Фамилијарна историја. Жените кај кои некој од женските членови на семејството боледува или боледувал од рак на дојка, имаат поголем ризик за појава на карцином.
  • Изложеност на јонизирачко зрачење. Изложувањето на релативно голема доза на јонизирачко зрачење е поврзано со зголемен ризик за појава на рак на дојка.
  • Дебелината. Дебелината го зголемува ризикот од појава на рак на дојка.
  • Менструација на рана возраст. Жените со рана прва менструација се изложени на поголем ризик од појава на оваа болест.
  • Доцна менопауза. Кај жените чија менопауза започнува во возраст над 55 години, се зголемува веројатноста од појава на рак на дојка.
  • Алкохолот. Редовното консумирање на алкохол може да биде причина за зголемениот ризик од појава на рак на дојка.
  • Прво породување по 35-годишна возраст. Жените кои имаат прво дете на возраст над 35 години, имаат 40% поголем ризик да заболат од рак на дојка.

Ракот на дојката е резултат од комплексна комбинација на генетски фактори и фактори од надворешната средина.

Дијагноза и лекување

Редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојка, а со тоа се зголемуваат шансите за успешно лекување на болеста.

Прегледот започнува со разговор за утврдување на присутните симптоми, постоењето на минати заболувања, фамилијарна историја на рак на дојка, бројот на деца, менструалниот циклус и сл. Потоа лекарот со инспекција и палпација може да утврди дали има промени во дојката.

Доколку постојат сомневања за нерегуларности, може да се употребат и други методи за дијагноза како мемографија, ехотомографија на дојките или биопсија.

Докторот го прецизира лекувањето врз основа на типот на рак на дојка, стадиумот на болеста, целосното здравје на пациентката и нејзините преференции. Повеќето жени се подложуваат на операција и дополнително лекување како хемотерапија, хормонална терапија или радијација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.