Мигрените се хронични главоболки кои предизвикуваат болка која трае од неколку часови до неколку денови. Симптомите можат да бидат толку неподносливи, што ќе мислите само на кревет во темна соба во кој ќе можете да се одморите.

Кај некои луѓе нападите на мигрена се поинтензивни, отколку кај други. Пред да се појави мигрената некои луѓе добиваат нешто како знак - гледаат одблесоци од светлина, црни точки или чувствуваат трпки во рацете и нозете. Мигрената често е придружена и од други непријатни симптоми како гадење, повраќање и екстремна чувствителност кон светлина и звуци.
До денес не се знае кои се точните причини за појавата на мигрената, но најголем дел од експертите сметаат дека мигрената е наследна и може да биде предизвикана од многу фактори.
Шансите да страдате од мигрена ви се поголеми за 50-60%, ако еден од вашите родители има мигрена. Тие шанси се зголемуваат на 75%, ако и двата ваши родители имаат проблеми со мигрената.
Главоболките типични за мигрената може да бидат предизвикани и од многу други фактори како:
Промена на хормоните кај жените. Варирањето на естрогенот предизвикува главоболка кај жените кои страдаат од мигрена. Кај нив главоболката се појавува непосредно пред или во текот на менструацијата, кога нивото на естроген значително опаѓа. Некои жени развиваат мигрена за време на бременоста и во текот на менопаузата.
Храна. Некои главоболки се предизвикани од одредени храни. Алкохолот, особено црвеното вино и пивото, чоколадото, прекумерната консумација на кофеин и солените храни можат да бидат причинители на главоболката на мигрената.
Стрес. Стресот на работа или семејните проблеми влијаат врз мигрената.
Лекарства. Мигрената може да биде резултат на некои лекарства кои ги примате. Ако се посомневате дека одредени лекови ви предизвикуваат мигрена, консултирајте се со вашиот лекар за да ви препорача нивна замена.
Спиењето. Мигрената може да започне ако спиете предолго или ако ви недостига сон.
Физички фактори. Интензивната физичка активност може да предизвика напад на мигрена.
Стимулирање на чувствата. Силна светлина или гласна музика може да предизвика мигрена. Исто така предизвикувачи на мигрената можат да бидат и непријатни миризби – непријатни парфеми, чад од цигари и сл.
Мигрената најчесто се јавува уште во детството, пубертетот или раната младост. Некои од симптомите на мигрената се:
Кога не се лекува мигрената може да трае од 4-72 часа, но колку често ќе се појавуваат нападите на мигрената зависи од човек до човек.
Жените. Главоболките се почести кај момчињата во периодот на детството, но во пубертетот девојките имаат почесто главоболка од момците. Жените се три пати посклони кон мигрена од мажите поради промените во нивоата на хормоните.
Помладите од 40 години. Половината од луѓето кои страдаат од мигрена ја почувствувале за прв пат пред да наполнат 20 години. Мигрената најчесто ги засега луѓето од 30 до 39 годишна возраст.
Луѓето во чија фамилија има случаи на мигрена. Ако и двата ваши родители страдаат од мигрена, многу голема е веројатноста и вие да го имате овој непријатен проблем.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (2)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.