Кога последен пат сте ја провериле функцијата на тироидната жлезда?
Почетна » Здравје » Заболувања » Кога последен пат сте ја провериле функцијата на тироидната жлезда?

Кога последен пат сте ја провериле функцијата на тироидната жлезда?

Тироидната жлезда се наоѓа во предниот дел на вратот. Таа произведува два важни хормони - тироксин и тријодтиронин, кои влијаат на голем дел од процесите во човечкото тело, меѓу кои метаболизмот, телесната температура и работата на срцето, како и нормалниот раст и развој кај децата. Проблемите се појавуваат кога тироидната жлезда станува прекумерно активна или пак премалку активна. Ваквите пореметувања можат да се јават како резултат на генетски предиспозиции, бременост, стрес, автоимуно заболување, лоша исхрана и токсини од опкружувањето на кои сме секојдневно изложени.

Доколку пореметувањата на тироидната жлезда не се лекуваат навремено, можат да доведат до покачување на маснотиите во крвта и да го зголемат ризикот од срцев или мозочен удар. Ако хормоните на оваа жлезда опаднат екстремно, може да настапи дури и состојба на кома.

Тироидна жлезда

Намаленото лачење на хормони на штитната жлезда - хипотиреозата може да предизвика симптоми како што се промени во менструалниот циклус, сува кожа и кршливи нокти, чувство на трнење во рацете и прстите, и опстипација. Хипертиреозата, или зголеменото лачење на хомони, исто така предизвикува промени во менструалниот циклус, но тие се обично придружени од други симптоми како што се проблеми со видот, чувство на слабост во мускулите, треперење на рацете и дијареја. Хипотиреозата се јавува почесто од хипертиреозата.

Проблемите со тироидната жлезда се многу чести кај новороденчињата, децата во развој и кај жените, особено во периодот после 40-та година. Доколку овој проблем не се воочи навремено, може да предизвика сериозни здравствени нарушувања.

Симптоми кои укажуваат на нарушувања на тироидната функција

Стручните лица од БИОТЕК Лабораторија препорачуваат проверка на тироидната жлезда во следните случаи:

  • Нагли промени во телесната тежина
  • Оток во пределот на вратот
  • Промени во пулсот
  • Промени во расположението и енергијата
  • Опаѓање на косата
  • Промени во телесната температура
  • Во случај на неплодност кај жената
  • Кај новороденчињата, бидејќи нарушената работа на тироидата може да доведе до ретардираност
  • Кај децата со нарушен раст и развој
  • Ако веќе се лекувате од болести на тироидната жлезда и сте на терапија со синтетски антитироидни лекови или со тироксин (Т4)
  • Ако сте на некаква терапија со лекови кои можат да предизвикаат промени на функцијата на тироидеата
  • Ако имате нетироидно автоимуно заболување
  • Ако имате повеќе од 40 години
  • Ако патите од несоница или анксиозност
  • При промени на кожата
  • При покачени маснотии и ензими на црниот дроб
  • Превентивна контрола за канцер на тироида

Заради ризиците кои ги носат пореметувањата на тироидната жлезда, многу е важно тие да се детектираат што е можно поскоро, со што пософистицирана опрема и реагенси.

Како да ја проверите состојбата на тироидната жлезда?

Функцијата на тироидната жлезда најбрзо и најточно се проверува преку анализа на крвта на три главни параметри: TSH, FT4 и FT3.

  • TSH – Тиреостимулаторниот хормон ја стимулира штитната жлезда да ги лачи хормоните тријод тиронин и тироксин (T3 и Т4). Неговото излачување во крвта зависи од концентрацијата на овие хормони и укажува директно на состојбата та на тироидната жлезда.
  • FT4 и FT3 – тироидните хормони кои се јавуваат во слободен облик и претставуваат нивна активна форма.

Во следната табела се претставени резултатите кои укажуваат на проблеми во функцијата на тироидната жлезда и како тие се интерпретираат:

TSH FT4 FT3 Интерпретација
Високо Нормално Нормално Почетна форма на хипотиреоза
Високо Ниско Нормално или ниско Хипотиреоза
Ниско Нормално Нормално Почетна форма на хипертиреоза
Ниско Високо или нормално Високо или нормално Хипертиреоза
Ниско Ниско или нормално Ниско или нормално Задолжителна натамошна проверка на хипофизата
Нормално Високо Високо Задолжителна натамошна проверка на хипофизата

Искористете го промотивниот пакет на БИОТЕК Лабораторија за брза проверка на TSH, FT3 и FT4 во рок од 30 минути, по цена од 899 денари. Можете да ја посетите лабораторијата од 8 до 20 часот, да закажете термин телефонски на броевите 3112464 или 078492294, да испратите мејл на laboratorija@bioteklab.com.mk или пак да ја искористите алатката „закажи термин“ на веб страната www.bioteklab.com.mk и одберете време кое најмногу ви одговара.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 44%
  • 35%
Се испраќа...

(Вкупно: 11511 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.