Витамин Е

Витамин Е

Витаминот Е е комплексно име за осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол.

Авокадо
Авокадото е богато со витамин Е.

Зошто е важен витаминот Е?

Витаминот Е му помага на телото во борбата со канцерогените и срцевите заболувања и инфекциите. Тој го зајакнува имунолошкиот систем и помага во отстранувањето на респираторните проблеми. Една од функциите на витаминот Е е да го регулира нивото на витаминот А во телото.

Како антиоксиданс, витаминот Е има неверојатно дејство на здравјето на кожата. Тој ѝ помага да се заштити од UV зраците, загадувањето и сите други појави кои што произведуваат слободни радикали, одговорни за уништувањето на ткивата. Поради тоа негово својство, тој е главна состојка во многу козметички продукти против стареење на кожата. Витаминот Е прави кожата да изгледа помлада и помазна. Некои истражувања посочуваат дека витаминот Е го забрзува процесот на заздравување на изгореници.

Витаминот Е учествува во формирањето на репродуктивните клетки и ја подобрува плодноста на двата пола. Помага и во спречувањето на спонтан абортус.

Симптоми при недостиг на витамин Е

Најчести симптоми кои што се појавуваат при недостиг на витамин Е се:

  • Проблеми со жолчката, панкреасот и џигерот;
  • Болка или отсуство на чувствителност во нозете и рацете;
  • Проблеми со дигестивниот систем;
  • Анемија.

Предозирањето со витамин Е е ретка појава, но последните научни истражувања покажуваат дека може да се случи. Затоа внимавајте ако консумирате витамин Е надвор од вашата исхрана. Пред да започнете, консултирајте се со доктор.

Препорачани дневни потреби

  • Бебиња (0-4 месеци) – 4mg
  • Бебиња (5-12 месеци) – 5mg
  • Деца (1-3 години) – 6mg
  • Деца (4-8 години) – 7mg
  • Деца (9-13 години) – 11mg
  • Возрасни (14 и нагоре) – 15mg
  • Трудници – 15mg
  • Доилки – 19mg

Храна богата со витамин Е

Авокадо, јаткасти плодови и маслиново масло
Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови и авокадото.

Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчуците со зелени лисја (спанаќ), житариците, семките од сончоглед и тиква, како и во авокадото.

Храната богата со витамин Е најдобро е да ја јадете свежа, без да ја готвите. Готвената храна содржи 50-90% помалку витамин Е отколку свежата. Складирајте ја храната богата со витамин Е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.

Примајте и доволно количество витамин Ц и цинк. Тие помагаат витаминот Е подобро да се апсорбира во телото.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 3634 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.