Краткото видео во кое мачка го гушка своето мало маче додека спие стана голем интернет хит. За само 5 дена видеото е прегледано преку 15 милиони пати на Youtube и доби над 50.000 коментари. Погледнете го тука.
Тешко кој може да најде соодветни движења за танцување на дабстеп. Но, овие три танчери не само што знаат како да танцуваат на дабстеп, туку се и феноменални. Скоро сите нивни движења изгледаат како нереални. Погледнете го видеото.
Видеото со наслов „Luck“ е емотивен краток филм кој завршува со предлог за брак. Сметајте дека сте предупредени дека може да завршите со насолзени очи.
Слатко упорно кученце е возбудено поради доаѓањето на новороденчето и ќе направи сè за да го види, дури и ако треба ќе скока 100 пати за да го ѕирне на креветот. Погледнете го забавното видео.
Туристите пред катедралата Нотр Дам во Париз беа почестени со откачена кореографија на неверојатен уличен танчер. Со феноменална контрола на секој дел од своето тело, тој ја воодушеви својата публика, но и стана хит онлајн. Погледнете го видеото.
Емре и Џоја од Калифорнија имале уникатна замисла како да изгледа нивното свадбено видео и со помош на гостите на свадбата успеале да ја реализираат. Погледнете го интересното видео.
Во слаткото видео, малите Елиот и Боуви невино флертуваат и се бакнуваат пред камера, а по нивниот прв мал бакнеж в уста, Елиот веднаш среќно се фали за доживеаното. Погледнете го видеото и потсетете се на вашиот прв бакнеж.
Слатко бебе + куче = вирално видео. Клипчето со наслов „Хистерични балончиња“ ја покажува малата Моли која се смее хистерично додека го гледа големото куче Бени како ги „јаде“ балончињата кои ги прави нејзината мајка.
Видеото во кое фотографот Терје Соргјерд ја покажува магичната убавина на Млечниот пат го освои светот. Погледнете го краткиот time-lapse филм кој сигурно ќе ве воодушеви.
Слаткото пингвинче Куки стана ѕвезда со неговото неодоливо смеење. Малото пингвинче го покажува својот ентузијазам и среќно се смее додека се „скокотка“ од раката на еден од вработените во зоолошката градина во Синсинати. Погледнете го видеото.
Мачките и кучињата отсекогаш биле во војна. Ова куче се обиде да го промени тоа умилкувајќи ѝ се на мачка која очигледно нема исто мислење како него. Мачката не беше расположена да го трпи неговото лижење, па реши да го нокаутира. Погледнете го хумористичното видео.