Животните и бебињата докажано привлекуваат најголемо внимание и нивните интересни реакции секогаш имаат најголема публика. YouTube направи листа на најгледаните видеа со животни за изминатава година. Погледнете ги тука.
Играта „Растенија против зомбија“ го освои светот во изминативе 2-3 години бидејќи е едноставна и интуитивна, но во исто време забавна и заразна. Садете растенија во вашиот двор и одбранете се од упорните зомбија чија цел е да влезат во вашата куќа. Кликнете овде.
Изведувањето на танцувачки и акробатски движења на шипка не мора да биде еротска претстава, а Џенин Батерфлај е жив доказ за тоа. Погледнете ја нејзината „прошетка во воздух“.
Познатиот американски комичар и телевизиски водител Џими Кимел испрати барање до родителите да им дадат на своите деца непосакувани подароци за Божиќ, да ги снимат нивните реакции и да ги објават на YouTube. Видеото со највпечатливите реакции на децата веднаш стана огромен хит. Погледнете го тука.
Касандра е една од многуте девојки кои на YouTube објавуваат мејкап туторијали, но ова е можеби најдоброто нејзино видео кое со сигурност ќе ви го привлече вниманието, особено ако имате акни. Погледнете како таа буквално го трансформира изгледот на кожата на лицето.
Запознајте го Оскар, малечко слатко маче кое било родено слепо. Но, благодарение на неговите сопственици, Оскар има среќен живот. Погледнете го видеото од првата игра со топче на Оскар, кое ќе ви го стопли срцето.
Видео кое прикажува злобно смеење на мало девојче стана вистински YouTube хит. Само една недела по објавувањето, видеото има скоро 4 милиони прегледувања. Погледнете го тука.
Неочекуваните предлози за брак секогаш се интересни, но понекогаш предизвикуваат уште понеочекувани реакции. Кога момчето на 20-годишната Британи Хилард клекна пред неа на едно колено со прстен во рацете, таа во шок заврши на земја. Погледнете го видеото кое сепак има среќен крај.
Швајцарската организација „Pro Infirmis“, која им помага на лицата со посебни потреби, создаде трогателно видео коешто сигурно ќе ве натера да се замислите за општеството во кое живееме и предрасудите на кои им робуваме. Погледнете го видеото тука.
Пингвин стана интернет сензација откако беше фатен на камера како краде камења од својот сосед пингвин за да може да изгради подобро гнездо и да привлече женка. Погледнете го интересното видео.
Посетата на Дизниленд е забавна авантура, но за Џамин и Валери е доживување на коешто ќе се сеќаваат засекогаш. Погледнете зошто во емотивното видео кое стана интернет хит.