8 идеи за новогодишно украсување во домот
Почетна » Забава » Слободно време » 8 идеи за новогодишно украсување во домот

8 идеи за новогодишно украсување во домот

Пред нас се новогодишните и божиќните празници со кои еуфорично ќе се збогуваме со годината која изминува и ќе ја дочекаме новата. Светот веќе го облече своето празнично руво, а домовите интензивно се разубавуваат со впечатливи украси.

Не е потребно да трошите мало богатство за да ја пренесете празничната магија во вашиот дом. Разбудете ја креативноста, инспирирајќи се од понудените популарни декорации кои брзо и лесно можете да ги направите сами.

Блескави тестенини

Тестенините во форма на панделки можат да ви послужат за да направите блескаво „синџирче“ на едноставен начин.

Премачкајте ја секоја панделка со лепило и поросете ја со светки. Оставете да се исуши лепилото, а потоа врзете ги панделките на еднакво растојание на долг дебел конец или волница.

Пред да ги обложите со светки, можете да ги обоите тестенините со прехранбена боја или со спреј во боја по избор.

Новогодишни украси

Новогодишна салфета

Преобразете ја еднобојната салфета во новогодишна елка за да ги одушевите вашите гости.

Новогодишни украси

А еве и како да направите мала панделка за врвот на елката со помош на виљушка.

Ароматизирани свеќи во портокал

Исполнете го вашиот дом со примамлива арома со помош на свеќи во портокал. За декорирање на портокалот искористете каранфилчиња.

Новогодишни украси

„Замрзнато“ овошје

Дајте им замрзнат изглед на неколку овошни плодови кои ќе ги користите како централна декорација на масата.

Во мала чинија изматете белка од јајце, но не матете предолго. Со помош на четка премачкајте го овошјето со белката, а потоа испрпелајте го во кристален шеќер или во шеќер во прав. Доколку е неопходно, нанесете неколку слоеви шеќер за да добиете „снежен“ изглед.

За уште поинтересен изглед, пред да го премачкате овошјето со белка, залепете врз него лепенка во форма на ѕвезда. На крајот одлепете ја лепенката.

Новогодишни украси

Магични ѕвезди

Направете ѕвезди од хартија и ќе можете да ги користите за да ја украсите елката, за да ги наредите на долг дебел конец, или пак, за да ги поставите врз вашите новогодишни сијалички.

  1. Испечатете некој од шаблоните за ѕвезди кои се приложени, во зависност од тоа која големина сакате да бидат ѕвездите. Користете листови во А4 формат, во боја по желба. Исечете внимателно со ножичка по надворешните линии (слика 1).

    Шаблон за мали ѕвезди [PDF]
    Шаблон за средни ѕвезди [PDF]
    Шаблон за големи ѕвезди [PDF]

  2. Доколку ги поставувате ѕвездите врз новогодишни сијалички, направете мали дупки во средината на секоја од нив (слика 2).
  3. Со шестар, игла или друг остар предмет поминете по секоја линија, нежно притискајќи, за да си го олесните превиткувањето (слика 3).
  4. Превиткајте го листот по секоја линија (слики 4 и 5).
  5. Со помош на лепило спојте ја хартијата во ѕвезда (слики 6 и 7).
Новогодишни украси

Свеќи со цимет

Со помош на стапчиња цимет можете најобичните свеќи да ги претворите во мало уметничко дело кое примамува погледи. Наредете стапчиња околу свеќата и прицврстете ги со коноп или со новогодишна лента. Освен што ќе добите прекрасен украс, ќе можете да уживате и во неодоливиот мирис на цимет.

Новогодишни украси

Деликатна снегулка

Започнете со шест листа во форма на квадрат. Следете ги чекорите прикажани на фотографиите. Кога ќе дојдете до спојување на деловите означени со 2 и 4, не заборавајте да ја свртите снегулката и да ги залепите на спротивната страна од деловите 1 и 3. Откако ќе ги направите сите шест одделни елемента, залепете ги еден со друг.

Новогодишни украси

Лампион од волница

Лампионите од волница изгледаат прекрасно, а се прават многу лесно и брзо. За да направите еден лампион, потребен ви е мал балон, волница, лепило, малку вода и светки.

Во мал сад ставете лепило и разредете го со малку вода. Волницата врзете ја за балонот и намотајте ја околу него. Потоа балонот потопете го во лепилото и поросете го со светки. Врзете го да се суши преку ноќ. Откако ќе бидете сигурни дека е потполно сув, внимателно направете мало дупче во балонот (што поблиску до отворот за дување) за да го истушите. Извадете го балонот од лампионот.

Новогодишни украси

Анкета

Анкета
Правите ли зимница?
  • 49%
  • 22%
  • 14%
  • 16%
Се испраќа...

(Вкупно: 1136 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.