• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слободно време

Украсување на новогодишната елка

22 декември 2009, 06:55
  • cподели

Украсувањето на новогодишната елка е прекрасна семејна традиција, која децата со нетрпение ја очекуваат. Тоа се интимни моменти кога целото семејство може барем за момент да заборави на сите проблеми и едноставно да го почувствува духот на празниците.

Новогодишната елка не е радост само за децата, таа е симбол на празничната атмосфера и центар на новогодишната декорација на домот, па ако досега не сте ја украсиле вашата елка, сега е време да ги соберете новогодишните лампиони и да ја покажете вашата креативност.

Не е важно дали ќе изберете природна свежа или вештачка елка. Важно е да внесете радост и топлина во вашиот дом.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во украсувањето на новогодишната елка.

Новогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елкаНовогодишна елка

Поставете ја на вистинското место

Новогодишната елка е срцето на празничната домашна атмосфера, па најдобро е да биде поставена во дневната соба, каде што престојувате најдолго.

Ако изберете природна елка, внимавајте да не биде изложена на директна сончева светлина, да не биде поставена под клима или блиску до силен извор на топлина.

Наместете ја правилно

Најубавиот и најгустиот дел од елката нека биде насочен кон дневната соба, за да измамува погледи. На природна елка лесно ќе можете со потстрижување на гранките да го оформите предниот дел.

Ако имате вештачка елка, пред да започнете со украсувањето, преместувајте ги гранчињата за ѝ дадете убава форма и да направите да изгледа колку што може поприродна.

Изберете го стилот

Не сте задолжени да се придржувате до традиционалната комбинација – зелена, црвена, златна. Бидете инвентивни и не се ограничувајте. Елката може да биде ваше поле за искажување на креативноста. Изберете две или три бои и придржувајте се кон нив, за елката да не изгледа пренатрупано.

Ако сепак решите да се насочите кон повеќе бои, не користете премногу различни големини и форми на лампионите и украсите.

Започнете од сијаличките

Пред да започнете, паметно е да проверите дали сите сијалички работат.

Редете ги новогодишните сијалички од врвот кон дното на елката, за утикачот да ви остане долу и да го приклучите зад елката.

Следуваат синџирчињата и лентите

Ако сакате да акцентирате некоја боја (пример црвена или златна), тогаш искористете ленти и синџирчиња во таква боја.

Поставете ги врз надворешните делови на гранките на елката. Ако не користите сијалички, тогаш украсните ленти се задолжителни.

Прво ставете ги големите лампиони

Традиционално големите лампиони се поставуваат во дното на елката, а малите на врвот. Но, модерните елки изгледаат многу подобро ако лампионите со различни големини се распоредени насекаде.

Се разбира, за да постигнете баланс, повеќе од големите лампиони ставете ги во долниот дел на елката, а помалку на врвот. Оставајте еднакво растојание помеѓу нив.

Уверете се дека ви оди добро

Од време на време оддалечувајте се од елката, за да се уверите дека ги распоредувате правилно украсите.

Ако забележите големи празнини, пополнете ги со лампиони со средна големина.

Време е за помалите украси

Тука фантазијата и креативноста треба да излезат на површина. Користете ангелчиња, мали завиткани поклончиња, ѕвончиња, големи и мали панделки...

Првите елки биле украсувани со храна, па можете да црпите инспирација и од кујната.

Оставете го врвот за на крај

Најчесто на врвот на елките се поставува ангелче или ѕвезда. Ако имате мало дете тоа ќе биде пресреќно да го постави најубавиот украс на врвот.

Уживајте во своето дело

Откако сè ќе биде готово, прославете го првото палење на сијаличките.

Веднаш ќе се наполните со позитивна енергија и спокојство, а точно тоа треба да ви го донесат прекрасните празници кои доаѓаат.

Tags
новогодишна елка
нова година

Најнови

  • Кристина Талеска-Големтеова за патувањето во Париз и Дизниленд

    „Празничен Париз и магичен Дизниленд... Солзите на синот ни беа потврда“: Кристина Талеска-Големтеова за семејното патување

    Sat, 01/03/2026 - 19:35
  • Шминкер од Белград создава неверојатни мејкап трансформации, докажувајќи дека убавината не познава возраст

    Fri, 01/02/2026 - 22:25
  • Модна битка: Александра Пријовиќ во фустан од илјадници евра во кој пленеше и Жизел Бундшен

    Fri, 01/02/2026 - 19:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.