Календар со неработни денови за 2021 година
Почетна » Забава » Слободно време » Календар со неработни денови за 2021 година

Календар со неработни денови за 2021 година

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2021 година. Следната година, ќе имаме можност да одмараме и уживаме во шест продолжени викенди.

Согласно со Законот за празниците (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2021 година неработни денови се:

Календар

(Кликнете на сликата за да ја видите во зголемена верзија)

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (петок), Нова Година,
  • 07 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 1 мај (сабота), Ден на трудот,
  • 3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (понеделник), Ден на Републиката,
  • 8 септември (среда), Ден на независноста,
  • 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (среда), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици),
  • 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 5 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (среда), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (недела), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 703 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.