„Мое тинејџерче, имај трпение додека учам како да те пуштам да си одиш“: Видео за сите адолесценти
Почетна » Забава » Видео » „Мое тинејџерче, имај трпение додека учам како да те пуштам да си одиш“: Видео за сите адолесценти

„Мое тинејџерче, имај трпение додека учам како да те пуштам да си одиш“: Видео за сите адолесценти

Пубертетот е тежок период од животот. Лудување на хормоните, промена на телото, раѓање на нови чувства, чести промени во расположението... Адолесцентите мораат да се справат со многу предизвици додека чекорат кон светот на возрасните.

Но, заедно со нив, тоа треба да го направат и нивните мајки, на кои честопати им е тешко да прифатат дека нивното дете е самостојна личност и дека треба да го пуштат само да го избере својот пат. На мајките им е потребно време да го прифатат фактот дека нема да можат постојано да го имаат своето „малечко“ покрај себе.

„Her View From Home“ создаде видео со кое им помага на мајките да го побараат од нивните адолесценти времето кое им е потребно да се навикнат на промените. Погледнете го:

Мое тинејџерче,

Сонував за тебе уште пред да се родиш.

Сега, ти стануваш своја личност.

Имај трпение додека учам како да те пуштам да си одиш.

Честопати се сомневам во себе, додека се трудам да бидам мајката која ја заслужуваш.

Сакам да правам сè правилно, да ти го дадам светот.

Но, честопати, не успевам во тоа.

Имај трпение додека ги опуштам прстите и овие раце кои некогаш те држеа.

Сонував каква личност ќе станеш, а сега те гледам како одлетуваш.

Ти растеш, но растам и јас.

Но, ти беше мојот сон уште пред светот да те запознае.

Те сонував тогаш, те сонувам и сега.

Те сакам повеќе одошто некогаш ќе знаеш.

Имај трпение додека учам како да те пуштам да си одиш.

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 4%
  • 14%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 583 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.