Редовно на интернет гледаме видеа со инвентивни предлози за брак кои се случуваат далеку од нас, па редно беше да видиме некој доволно смел Македонец јавно да ѝ го постави големото прашање на својата избраничка.
Романтичарот Александар ја побара раката на својата девојка Еми на Плоштадот Македонија во Скопје. Додека „случајно“ Александар и Еми поминуваа покрај големиот екран на плоштадот, наместо реклама, се појави романтична порака: „Убаво е минатото со тебе во него/ Прекрасна е сегашноста со нас заедно/ А иднината? Не можам да ја замислам без тебе најсакана! Дали сакаш да бидеме заедно до крајот на нашиот живот? Ќе се омажиш ли за мене Еми?“
Еми со солзи на очите ја прифати понудата на Александар.
Честитки до среќниот пар!

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (51)
neka im e so srekja :)
I jas sakam vakvo romanticno zaprosuvanje :P
Се согласувам и се надоврзувам на муабетов од @lacrimosa
lacrimosa :
Клише... досадно.. ќе смисли ли некој нешто поинтересно? -.- мене искрено не би ми било посебно доколку вака цела Македонија гледа... ова ми е посебен интимен момент кој не би сакала со никого да го споделам.
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.