ВИДЕО: Вака изгледа кога стануваш мајка
Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Вака изгледа кога стануваш мајка

ВИДЕО: Вака изгледа кога стануваш мајка

Мајчинството започнува на многу различни начини, но секогаш е тешко, исцрпувачко, емотивно и прекрасно.

Од првиот позитивен тест за бременост, животот на жените се менува комплетно и иако на моменти чувствуваат дека немаат сила повеќе, тие секогаш издржуваат и се силни за своите малечки.

Motherly создаде видео посветено на почетокот на мајчинството, а кое ќе ја трогне секоја мајка и трудница. Погледнете го:

Вака изгледа кога стануваш мајка

Без разлика како или кога ќе се случи...

Тоа може да биде моментот кога конечно ќе го видиш позитивниот тест за бременост.

Или моментот кога конечно ќе можеш да го запознаеш и одведеш дома твоето дете.

Моментот кога ќе ги видиш или почувствуваш тие клоцања.

Кога ќе сфатиш дека си создадена за ова.

И одеднаш ти светнува.

Вака изгледа кога стануваш мајка.

Ова е трансформација.

Светот можеби ќе ти изгледа малку поразличен сега.

Бидејќи ништо не може да се спореди со чистите емоции на овој момент.

Ти си Мама.

Денес и засекогаш.

Ова е дар, одговорност, привилегија, едно целосно ново патување.

Веројатно никогаш не си се чувствувала толку уморно.

Или толку вљубено.

Вака изгледа кога твоето срце чука надвор од твоето тело.

Има многу нешта за прифаќање, но ти си поподготвена отколку што си мислиш.

Го можеш ти тоа.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 66%
  • 15%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 2126 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.