5 причини да започнете да трчате
Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 5 причини да започнете да трчате

5 причини да започнете да трчате

Многу луѓе започнуваат да трчаат поради најразлични причини. Некои затоа што сакаат да ослабат, други за да бидат поздрави, а трети за да пробаат нешто ново.

Жена што трча
Трчањето го намалува стресот, ве заштитува од болести и ви помага да се ослободите од вишокот килограми.

Подолу се изброени 5 значајни причини, поради кои е добро да се занимавате со оваа физичка активност.

  1. Премногу е лесно и едноставно. За да започнете да трчате не ви се потребни нови фитнес уреди и не треба да учите нови вештини. Сè што ви е потребно се добри патики и убав спортски градник.
  2. Трчањето го намалува стресот. Многу жени тврдат дека ги решаваат полесно и посмирено проблемите додека трчаат. Едно истражување направено од Универзитетот во Џорџија, во кое учествуваат само жени, го докажува ова нивно тврдење. Кај учесниците е предизвикана загриженост и вознемиреност и половина од нив се оставени да одмараат, а другите половина да трчаат на стационарен велосипед. Анализирањето на нивното однесување покажува дека трчањето е три пати поефективно во намалувањето на вознемиреноста и загриженоста.
  3. Трчањето ве заштитува од болести. Најголем број од експертите се согласуваат дека секојдневните вежби го намалуваат ризикот од заболувања како ракот (на белите дробови, на дебелото црево). Резултатите од истражување направено во Велика Британија покажува дека поактивните луѓе (оние кои пешачат 5-6 часа неделно) имаат 24% помала веројатност да заболат од рак на дебелото црево, од помалку активните луѓе (оние кои пешачат 30 минути неделно). Друго истражување покажува дека жените со нормална тежина кои се физички активни (трчање, аеробик, тенис) имаат 30% помал ризик да заболат од рак на дојката, отколку жените кои не се физички активни. Луѓето кои трчаат, подобро можат да се справат со дијабетесот и срцевите заболувања. Трчањето исто така го намалува крвниот притисок, го покачува нивото на „добар“ холестерол во телото и го подобрува имунитетот, со што телото полесно се бори против настинки и вируси.
  4. Ако редовно трчате, најверојатно ќе живеете подолго. Истражување спроведено од Универзитетот во Станфорд проучувало 538 луѓе, кои трчаат и 423, кои не трчаат во периодот од 1984 до 2005г. Сите учесници биле над 50 години и им биле измерувани способностите за правење обични работи: отворање на млеко, миење на косата, сечење месо и сл. Секоја година способностите на „неактивните“ учесници се намалувале. На крајот на истражувањето, сè уште биле живи 85% од учесниците кои редовно трчале и 66% од учесниците кои не биле активни.
  5. Трчањето помага во намалувањето на телесната тежина. Ова е една од најчестите причини поради која луѓето започнуваат да трчаат. Тие сакаат да ги „скинат“ неколкуте вишок килограми. Нема да згрешите ако го одберете трчањето за да ги постигнете посакуваните килограми. Еден час спокојно трчање согорува околу 200 калории, но ако го забрзате темпото ќе согорите многу повеќе.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6789 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.