5 ефективни вежби од ангелот Елза Хоск
Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 5 ефективни вежби од ангелот Елза Хоск

5 ефективни вежби од ангелот Елза Хоск

Сакате да го зацврстите вашето тело без комплицирани вежби, комплексни фитнес справи и реквизити? Наоружајте се само со волја и енергија, издвојте си малку време и фрлете се во акција.

Елза Хоск, која неодамна официјално ја доби титулата ангел на Victoria’s Secret, сподели неколку од вежбите со кои го одржува своето тело.

Елза Хоск Елза Хоск Елза Хоск

Исчекор + скок + чучнување

Елза Хоск

Застанете исправени. Стапалата да ви бидат на растојание на колковите, а рацете испружени покрај телото. Спојте ги дланките пред градите.

Исчекорете напред со левата нога, вратете се назад, а потоа исчекорете и со десната. Чучнете и наеднаш скокнете напред и чучнете, а потоа веднаш скокнете наназад.

Повторете ја вежбата 10 пати.

Склекови со подигнување на ногата

Елза Хоск

Спуштете се на подот. Дланките поставете ги под рамената, а левата нога под левиот колк. Десната нога испружете ја зад вас.

Додека ги спуштате градите кон подот, подигајте ја десната нога нагоре. Телото нека ви остане во права линија. Вратете се во првата положба.

Направете 12 повторувања со десната нога, а потоа и 12 со левата.

Удари со нога

Елза Хоск

Подигнете се на прсти. Подигнете ја левата нога на ниво на колковите и удрете со стапалото во воздух пред себе. Вратете ја ногата во првата положба.

Направете 25 повторувања со левата нога, а потоа и 25 со десната.

Мост со една нога

Елза Хоск

Легнете на грб и поставете ги рацете покрај себе. Свиткајте ги колената. Стапалата поставете ги непосредно до задникот.

Исправете ја десната нога и подигнете ја кон таванот. Левата нога потпрете ја само на прстите, притиснете и подигнете ги колковите колку што можете повисоко. Вратете се во првата положба.

Направете 25 повторувања со десната нога, а потоа и 25 со левата.

Стомачни „лево-десно“

Елза Хоск

Легнете на грб и поставете ги рацете покрај себе. Свиткајте ги колената. Подигнете го горниот дел од телото и придвижете го кон левото колено. Рацете држете ги исправени пред себе. Свртете се доволно за десната рака да помине покрај коленото.

Спуштете се во првата положба, потоа повторно подигнете се, но овој пат вртејќи го телото кон десното колено.

Повторете ја вежбата 30 пати.

Повторете ја целата серија вежби 3 пати.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8594 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.