ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп:
Секоја жена посакува убаво оформен, цврст и секси задник, точно онаков како на рекламите за производи против целулит. Освен што изгледа убаво и што мажите го обожаваат, цврстиот задник помага и за одржување на подобра положба на телото и стабилизирање на грбот.
Затоа, не чекајте и веднаш започнете да го оформувате вашиот задник. За кратко време ќе почувствувате дека облеката ви стои подобро и дека имате поголема самодоверба.
Направете голем чекор напред со десната нога и започнете да го спуштате горниот дел од телото надолу додека десното колено не оформи агол од 90°, а левото да биде веднаш над подот. Не поместувајќи ја левата нога, вратете ја десната во првобитната положба. Во текот на целата вежба грбот треба да ви биде исправен. Внимавајте, десното колено не треба да биде понапред од прстите на ногата.
Оваа вежба е варијација на претходната и исто толку ефективна. Застанете исправени, рацете испружете ги напред во висина на рамената. Направете голем чекор нанапред со десната нога и додека го спуштате левото колено надолу, горниот дел од телото заедно со рацете свртете го надесно.
Застанете пред скала која не треба да биде повисока од вашите колена. Свиткајте ги рацете кон телото, така што дланките да ви бидат во висина на рамената. Раширете ги нозете во ширина на колковите и потклекнете. Раширете ги рацете и однесете ги наназад. Додека замавнувате со рацете нанапред скокнете на скалата и останете со свиткани колена (како на сликата). Потоа, полека слезете долу.
Легнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената. Рацете испружете ги на подот покрај телото. Започнете да го подигате задникот нагоре, а потоа спуштете го. Стапалата на нозете за почеток можете да ги чувате целосно залепени на подот (како што е покажано на сликата). Истата вежба може да се практикува и додека стоите на прстите од нозете.
Клекнете на подот и потпрете се на рацете. Внимавајте дланките на рацете да ви се под рамената, а колената под колковите. Започнете да ја подигате десната нога наназад и нагоре, а левата рака нанапред. Исправувајте ги и подигајте ги и ногата и раката додека не бидат во иста линија со вашиот грб (како на сликата).
Клекнете на подот и потпрете се на рацете (кучешка поза). Рацете поставете ги во распон на рамената. Започнете да ја подигате десната нога нагоре. Не ја исправувајте, треба да биде свиткана во коленото. Стапалото треба да ви биде рамно, т.е. прстите да не се насочени нагоре (како на сликата). Горниот дел на ногата треба да биде паралелен на подот. Откако ќе ја достигнете оваа положба, полека вратете се во првобитната.
Застанете исправени. Нозете треба да ви бидат раширени во ширина на колковите. Со десната нога направете голем чекор надесно. Горниот дел на телото однесете го на десната страна. Десното колено треба да ви биде веднаш над стапалото, а левата нога права. Со левата рака допрете го стапалото (како на сликата).Ако немате време за сите овие вежби, можете да правите само клекнувања. Најголем дел од експертите го сметаат клекнувањето за најефикасна вежба за зацврстување на задникот. Бидејќи клекнувањето е и одлична вежба за нозе, веќе го имаме споменато досега. Но, еве ја вежбата уште еднаш, за потсетување.
Застанете исправени. Нозете треба да ви бидат со распон еднаков на ширината на колковите. Испружете ги рацете напред, во висина на рамената, за да одржувате баланс. Започнете да клекнувате надолу. Внимавајте колената да не ги надминуваат врвовите на прстите на нозете. Задникот треба да го снижувате кон подот, а грбот да го држите исправен.
Мерилин Монро
– Романтичните филмови се штетни – жените веруваат дека сето тоа може да им се случи во реалниот живот!
– Знам. Ама истото е и со мажите и еротските филмови.
Коментари (24)
Да! :D
lizardqueen пробај повежбај, можеби ке се насмееш.
vi blagodaram odnapred..:))
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.