Вежбањето треба да ве прави среќни и да ве исполнува со енергија. Додека вежбате во телото се ослободуваат ендорфини кои ви го подобруваат расположението.
Следниве вежби се идеален микс за да си ја зголемите енергијата пред вашата нормална сесија физичка активност или за да се расположите кога ќе ве нападнат негативни мисли.
Изберете си неколку или правете ги сите и без многу труд ќе си го зацврстувате телото додека си го враќате доброто расположение.
Застанете потклекнати. Задникот нека ви биде поназад, а колената да не ви бидат понапред од прстите на нозете. Левата рака свиткана држете ја на висина на вашата половина (со прстите свиткани во тупаница), а десната испружете ја нагоре и налево преку главата (како на сликата).
Потклекнете и насочете го вашето тело надесно. Подигнете ги двете раце во положба како за боксирање (како на сликата.) Додека правите три чекори надесно, со десната рака „удирајте“ три пати пред вас. Кога ќе замавнете, тупаницата на раката треба да ви биде на висина на очите.
Застанете со раширени нозе и потклекнете. Задникот нека ви биде нешто поназад, а колената не треба да ви бидат понапред од прстите на нозете. Прстите рацете свиткајте ги во тупаници. Левата рака свиткана зачувајте ја покрај телото, а десната испружете ја пред вас на ниво на градите (како на сликата).
Скокнете со десната нога, а левата свиткајте ја и подигнете ја на висина на колковите. Десната рака превиткајте ја кај лактото под агол од 90° и подигнете ја нагоре, а левата рака потсвиткајте ја и однесете ја наназад, зад телото. Прстите на рацете треба да ви бидат свиткани во тупаници (како на сликата).
Застанете исправени, стапалата поставете ги на иста ширина како рамената, а дланките на рацете ставете ги зад главата. Додека со горниот дел од телото се вртите налево, подигнете ја левата нога во висина на колковите (како на сликата).
Застанете на левата нога, а десната свиткајте ја и подигнете ја доволно за да можете да ја фатите за глуждот со десната рака. Левата рака исправена подигнете ја нагоре (како на сликата).
Застанете исправени и опушете ги мускулите на телото. Започнете да скокате в место, не многу високо. Вдишете длабоко за време на првите пет скока, а потоа издишувајте бавно за време на вторите 5 скока.
Застанете исправени и левата нога поставете ја еден чекор пред од десната. Потклекнете така што левото колено да ви биде малку понапред од левиот глужд на ногата. Левата рака свиткајте под агол од 90° и насочете ја нагоре, а десната малку потсвиткајте ја и однесете ја зад телото. Прстите на двете раце свиткајте ги во тупаници (како на сликата).
Легнете на грб со рацете покрај телото, а дланките насочени кон подот. Подигнете ги нозете 15-20 сантиметри, без да ги свиткувате во колената. Поткренете ја главата, а брадичката вовлечете ја кон градите (како на сликата).
Застанете исправени и рацете пуштете ги покрај телото. Стапалата треба да ви бидат на исто растојание како рамената. Скокнете на левата нога додека со десната нога и двете раце замавнувајте надесно. Десната нога подигнете ја колку што можете повисоко, без да чувствувате болка (како на сликата).
Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Добро објаснени советии !