Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Вовед во пилатес

Вовед во пилатес

Што е пилатес?

Пилатес е фитнес систем, создаден од Џозеф Пилатес во почетокот на 20-тите години во Германија. Тој претставува серија од контролирани движења, кои се изведуваат или на специјални справи (реформатор) или на подот. Методата Пилатес се фокусира врз подобрување на флексибилноста, силата и сознанието за вашето тело, без непотребно трупање на маса.

Пилатес
Целта на пилатес е да се координираат умот, телото и духот, нешто што Џ. Пилатес го нарекувал „контрологија“.

За време на една сесија пилатес, треба постојано да се концентрирате длабоко на вашите централни мускули (стомакот, долниот дел на грбот, колковите, задникот и бутовите), на контракциите на мускулите, на дишењето и на квалитетот (а не квантитетот) на вашите движења.

Целта е да се координираат умот, телото и духот, нешто што Џ. Пилатес го нарекувал „контрологија“.

Принципите на пилатесот

Принципите на пилатесот не доаѓаат директно од креаторот на пилатесот. Тие се создадени врз основа на работата на Џозеф Пилатес, но од инструктори кои го наследиле. Затоа, приврзаниците на пилатесот не се согласуваат околу тоа кои принципи се најважни, кои зборови треба да ги опишуваат тие принципи и колку принципи се на број.

Сепак мнозинството прифаќа, дека постојат шест принципи, кои треба да се следат при вежбањето пилатес.

Контрола
Методот пилатес, во почетокот бил нарекуван „контрологија“. Првиот основен принцип на пилатесот е сврзан со контрола на движењата на телото. Овој принцип треба да го прилагате за сите пилатес вежби кои ги правите и преминот од една вежба кон друга. Сите вежби треба да ги изведувате со контрола на мускулите, без несмасни, неконтролирани потези.

Концентрација
Ако вашето внимание е насочено кон вежбите кои ги изведувате и го правите тоа со целосна посветеност, ќе извлечете максимални резултати од секое движење. Потребно е да воспоставите врска помеѓу вашето тело и ум. Поврзаноста на умот со движењата помага да го однесете вашето здравје на повисоко ниво. Пилатесот бара интензивен фокус.

Правилно дишење
Правилното дишење е важен дел од вежбите пилатес. Не го задржувајте воздухот во вас. Многу е лесно да заборавите целосно да вдишувате и издишувате, додека сте концентрирани на специфичните движења, кои треба да ги правите. Одржувајте релаксиран, нормален ритам на дишење, затоа што тоа ви дава енергија да ги изведете пилатес вежбите правилно.

Точност
Секое движење во пилатесот има своја цел. Невниманието и пропуштањето на одредени детаљи, влијае врз комплетното вежбање. Целта е да се направи една точна и прецизна вежба, наместо сто половично изведени. Сите пилатес вежби се дефинирани добро, за да знаете каде точно треба да се наоѓа и како да е поставен секој дел на вашето тело.

Течност на движењата
За разлика од јогата, каде најчесто треба да застанете во една положба 1-2 минути, во пилатесот многу ретко треба да се задржите во некоја положба. Не треба да запирате да се движите помеѓу различните вежби. Контролирано завршувајте ја секоја вежба. Вашите движења треба да имаат континуитет и да ги изведувате нежно и грациозно.

Центрирање
Големата група мускули составена од мускулите на стомакот, долниот дел на грбот, колковите, задникот и бутовите во пилатесот се нарекува извор или електрана (powerhouse). Целата енергија за пилатес вежбите доаѓа од тој „извор“, потекува кон екстремитетите на телото и ги координира нивните движењата. Потребно е да го зајакнете центарот, изворот или како што модерните инструктори го нарекуваат јадрото на телото.

Зошто да изберете пилатес?

Практикувањето на пилатес носи многу ползи. Некои од нив се следните:

Пилатес за убаво телоПилатес ќе ви помогне да имате цврсто и убаво тонирано тело.
  • ги зајакнува и тонира мускулите, без да се оформува непотребна мускулна маса;
  • ја подигнува свеста за вашето тело;
  • го подобрува држењето на телото;
  • го зајакнува 'рбетот и го прави пофлексибилен;
  • ја подобрува циркулацијата;
  • ги олеснува болките во грбот;
  • ја подобрува рамнотежата;
  • добивате поголема контрола над дишењето;
  • го намалува стресот, напрегнатоста и ви дава енергија;
  • ве учи како да ги координирате телото, умот и духот;
  • го подобрува вашиот изглед и ви ја зголемува самодовербата.

Коментари (2)

15:38, 17 декември 2009г. #
Haha bas razmisluvav za pilates dali da pocnam da vezbam ili ne...drugarkite se mnogu zadovolni a sega imam plus pricina da zapocnam :) Pozzz
17:16, 26 јануари 2010г. #
ke moze nekoj da mi kaze dali ima centar za pilates vo nas. kisela voda ili vo blizina posto ne sum od skopje, a bas sakam da pocnam da vezbam... blagodaram odnapred :))) .... pozz

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9910 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter