Малите промени во начинот на хранење често се поефективни во борбата со вишокот килограми отколку ригорозните диети. Јадете од мали чинии, пијте повеќе вода, јадете супа пред главното јадење, консумирајте зелен чај, намалете го алкохолот – тоа се само дел од популарните трикови за слабеење.
Во продолжение ќе најдете неколку помалку познати трикови за топење на вишокот на килограми и зачувување на витката става.
Сината боја го намалува апетитот
Сината боја сметајте ја за „убиец“ на апетитот. Сакате да јадете помалку? Јадете од сини чинии. Верувале или не, докажано е дека сината боја го намалува апетитот. Зошто? Зеленчуците, овошјето и месото најчесто се во црвена, жолта и зелена боја, а во природата ретко ќе пронајдете храна со сина боја. Па, логично е да не ја поврзуваме сината боја со храна и автоматски да не ни се отвора апетитот кога сме „изложени“ на оваа боја. Научниците објаснуваат дека и кога пред илјадници години нашите предци тргнувале во потрага по храна, сината, црната и пурпурната боја биле сметани како предупредувачки бои дека храната може да е отровна.
Изберете си сина чинија, или пак, син чаршаф за масата. Без и да почувствувате, апетитот ќе ви се намали и ќе внесете помалку калории од обично.
Спротивно на сината, црвената боја го стимулира апетитот, па избегнувајте црвени чинии и чаршафи за маса.
Заљубете се во аромата на ванила. Запалете свеќа со мирис на ванила за да го намалите апетитот. Експертите објаснуваат дека вдишувањето на арома на ванила пред јадење помага да се чувствувате позадоволни затоа што го прелажува мозокот дека сте изеле повеќе, а вие всушност ќе внесувате помали порции.
Ванилата помага и да ја намалите желбата за консумација на слатка храна. Сладникавата арома на ванилата ќе придонесе поретко да посегате по чоколадата.
Наместо свеќа, можете да користите млеко за тело со мирис на ванила.
Па, ставете ја кутијата со торта во задниот дел на фрижидерот, а напред истакнете ги зеленчукот и овошјето. Истражувањата покажуваат дека луѓето се посклони да ја консумираат храната што им е на дофат на рака.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (12)
ќе пробаме :Р
Две чаши вода за убивање на глад и една чаша вода пред јадење се многу корисни.
А за зголемување апетит? - Отворете во темите со Храна на форумот . :)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.