Што е подобро? Свежо цеден сок или смути?
Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Што е подобро? Свежо цеден сок или смути?

Што е подобро? Свежо цеден сок или смути?

Откријте што е најдобро за вас и како да го подготвите.

Кога ќе помислите на здрава храна, прво нешто што ќе ви дојде на ум сигурно е овошје и зеленчук :) Тоа е така бидејќи не постои балансиран и здрав режим на исхрана без нив. Полни се со витамини, минерали и хранливи состојки, а и се многу вкусни. Во последно време многумина практикуваат дневната доза на овошје и зеленчук да ја консумираат во форма на свежо цеден сок или смути, бидејќи на овој начин можат да експериментираат со различни вкусови и комбинации. Па токму затоа веднаш се јавува дилемата, дали е подобро свежо цеден сок или вкусно блендирано смути? Нема ништо лошо во двата процеси, но сепак има некои разлики кои можат да ви помогнат да го одберете најдоброто за вас.

Свежо цедените сокови се идеални кога ни е паднат имунитетот или кога сме болни. Бидејќи можеме да испиеме повеќе сок, отколку што можеме да изедеме овошје, витамините и нутритивните состојки можат да ни помогнат да го подобриме имунитетот. Тие се супер за детоксикација и за освежување во текот на денот, но треба да се има на ум дека најдобро е да се испијат додека се свежи, односно најкасно 30 минути откако се направени.

Хранливите влакна се многу важен елемент од плодовите, па токму затоа треба да се погрижите да имате добар соковник, кој до максимум ги искористува сите позитивни состојки од овошјето.

Сок или смути

Повеќето центрифугални соковници создаваат топлина и ослободуваат кислород со што доаѓа до губење на дел од ензимите и хранливите состојки во џусот. Од друга страна, новиот соковник на Philips нуди нова технологија за цедење на сок со цедалката нагоре, која резултира со 10% повеќе џус исцеден од овошјето. Одлична предност е иновативната FiberBoost технологија, со која можете да ja одберете текстурата на сокот. Оваа можност на соковникот овозможува сокот да содржи до 50% повеќе хранливи влакна, правејќи го погуст, но и похранлив. Тука нема да навлегуваме во детали за неговата pre-clean функција, вградениот сад за овошна каша и леснотијата со кој се чисти, сите информации ќе можете да ги најдете тукa.

Сок или смути

Со блендирањето на овошјето и зеленчукот, хранливите влакна се разложуваат, што му помага на организмот полека да ги обработува и да не доаѓа до нагло покачување на шеќерот во крвта. Покрај тоа, влакната придонесуваат побрзо да се исфрлат токсините од организмот и ги одржуваат цревата чисти. Смутињата заситуваат и се идеални за појадок или ужина. Во динамичниот свет во кој живееме, смутињата се и тоа како одличен начин да имате здрав оброк или ужина полни со витамини, кои ќе ви ја вратат енергијата во текот на денот.

Кога зборуваме за смутиња, не можеме да ги одминеме блендерите. Генерално постојат два типа, регуларни и ултра брзи блендери. Како што можете да погодите, вторите се многу помоќни.

Сок или смути

Новите блендери на Philips благодарение на нивната техногија процесот на правење смутиња го прават брз и лесен. Фокусот го ставаме на моделот Philips Avance кој има моќен мотор од 1400 W и револуционерна технологија на блендирање со 3 сечила во различни правци кои достигнуваат до 35.000 вртења во минута. Оваа технологија одвојува повеќе хранливи состојки од овошјето и зеленчукот и со неа смудито е хомогено и има мазна текстура, правејќи го лесно за пиење. Благодарение на големата моќност, во него можете да ставите и мраз или јаткасти плодови за да направите уште повкусно и поздраво смути. Бидејќи голем број луѓе практикуваат да направат смути наутро и да го понесат со себе на работа или на некоја друга активност, блендерот доаѓа со две чаши за носење. Интересно е тоа што покрај тоа што можете да правите смути во големиот бокал, можете да блендирате директно во чашите за носење и да заштедите време наутро. Повеќе за овој блендер можете да дознаете тукa.

Многумина грешат правејќи смутиња кои во својот состав имаат само овошје и зеленчук. На овој начин добивате густа каша која е тешка за пиење. Ова се нашите совети како да направите перфектно смути:

Сок или смути

Двата процеси за обработка на овошјето и зеленчукот се здрави и имаат свои предности, но сепак треба да имате на ум дека не секој соковник и блендер ќе ги дадат истите резултати. Можеби за поквалитетен апарат треба да одвоите малку повеќе средства, но треба да заемете предвид дека квалитетот на добиениот сок или смути ќе биде на сосема друго ниво.

Во табелата подолу можете да ги воочите разликите во пијалаците кои ќе ги добиете со користење на сите Philips продукти. Погледнете повеќе и одберете го вистинскиот апарат за вас :)

Храна

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 19638 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.