Број на согорени калории според физичката активност
Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Број на согорени калории според физичката активност

Број на согорени калории според физичката активност

Вежбањето е важен дел од процесот на слабеење и одржување на убавата фигура. Дури и постојано да внимавате на исхраната, ако не практикувате физичка активност, нема да успеете да имате убаво оформено цврсто тело.

Физичката активност предизвикува телото да троши повеќе енергија и со тоа повеќе калории. Добро познато е дека слабееме само ако трошиме повеќе калории отколку што консумираме. Тоа значи дека за да ја намалиме телесната тежина, треба или да ги намалиме калориите што ги внесуваме преку исхраната или пак да согориме повеќе калории преку вежбање.

Жена што троши калории возејќи велосипед

Секоја физичка активност бара различен напор и поради тоа едни вежби се поефективни во согорувањето калории, а други не толку многу.

Подолу се дадени некои од основните физички активности и бројот на калории кои ги согоруваат за 1 час.

Тип на физичка активност 55кг. 60кг. 70кг.
Пешачење (бавно)138151176
Пешачење (брзо)211230268
Трчање (бавно темпо)444484564
Трчање (умерено темпо)610665775
Трчање (брзо темпо)777847987
Возење велосипед со брзина 15-20km/h333363423
Возење велосипед со брзина 21-25km/h555605705
Возење на стационарен велосипед (умерен напор)388423493
Возење на стационарен велосипед (голем напор)582634739
Пливање (слободно)332361421
Пливање (пеперутка)609664773
Пливање (градно)554604704
Пливање (грбно)442482562
Танцување (балет, твист)360393458
Танцување модерни танци (бавно)166181211
Танцување модерни танци (брзо)250272317
Аеробик (бавно)277302352
Аеробик (брзо)387422492
Аеробик во вода221241281
Гимнастика222242282
Скокање на јаже555605705
Вежбање со тегови (мал напор)166181211
Вежбање со тегови (голем напор)332361421
Таи Чи221241281
Боксирање (на боксерска вреќа)332361421
Кик-бокс554604704
Кошарка444484564
Ракомет664724844
Одбојка166181211
Тенис388423493
Бадмингтон (во друштво)249271316
Пинг понг222242282
Куглање166181211
Билјард138151176
Планинарење444484564
Скијање (мал напор)277302352
Скијање (голем напор)442482562
Лизгање на мраз387422492

Табела: потрошени калории за 1 час според физичката активност

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18694 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?