Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Седумдневната диета

Седумдневната диета

Седумдневната диета ќе ви овозможи да се насладувате на одреден тип храна во одредени денови. Благодарение на оваа диета, телото се детоксицира и се топат килограмите. Ако правилно се придржувате кон овој режим на исхрана можете да загубите до 7 килограми за 7 дена.

Екстремно слабеење
Седумдневната диета е строга диета со која се губат до 7kg.

План на диетата

Понеделник: Јадете колку што можете овошје и пијте овошен сок. Забрането овошје е само бананата.

Вторник: Консумирајте колку што сакате зеленчуци и зеленчукова супа.

Среда: Во текот на овој дена комбинирајте ги храните, кои сте ги јаделе претходните два дена (овошје, сокови, зеленчук, зеленчукова супа).

Четврток: Изедете пет банани и испијте 5 чаши млеко. Некои верзии на оваа диета препорачуваат да јадете 8 банани во комбинација со 4 чаши млеко.

Следните три дена од диетата вклучуваат еднакво мени.

Петок: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

Сабота: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

Недела: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

Каков е ефектот?

Седумдневната диета е строга диета и не е балансирана. Поради тоа телото се истоштува и може да се чувствувате без енергија и заморени.

Навистина губењето на 7 килограми за една седмица изгледа примамливо, но експертите не ја препорачуваат оваа диета за долгорочно одржување на телесната тежина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.